Примери за поставки за заокружување
Примери за поставки за заокружување
Овде се прикажани подетални информации за примери на заокружување.
 |
Предефинираните поставки за заокружување во некои примери се потенцирани (bold). |
1. Заокружување при пресметка на цена
Параметарот за заокружување при пресметка на цена покажува како (ако) цената се заокружува, при конверзија според опсегот на цени price range (пример според формула, во друга валута итн.), или како да се запише на позицијата на документот.
Пример:
Во ценовникот за купувачот одредена е цена во €. Сакаме да направиме конверзија во издадената фактура во GBP. Односот на валутите на денот на издавање на фактурата бил 61,5 МКД за 1 € и 70 МКД за 1 GBP.
Price calculation: 1 € * 61,5 МКД / 1 GBP * 70 МКД = 0,878571428...
Параметар за заокружување |
Цена во линија на документот |
0,0000 |
GBP 0,878571428... |
0,0001 |
GBP 0,8785 |
0,0100 |
GBP 0,87 |
Колку поголема е количината толку повеќе методот на заокружување влијае на крајниот резултат.
2. Заокружување на позиции
Параметарот за заокружување на позиции одредува како единечна вредност на ставка во документот ќе биде заокружена.
Збирот од вредноста во една ставка вредност = (цена - попуст) * количина
Пример:
Да го видиме резултатот кога има различни поставки за заокружување. Од претходниот пример со незаокружена цена 0,878571428... и количина од 10.000 парчиња:
Параметар за заокружување |
|
Заокружување на вредност во документ |
0,0100 |
GBP 87.857,14 |
0,0000 |
GBP 87.857,00 (ако не се постави параметарот, програмот ќе направи заокружување на цел број!!!) |
0,0001 |
GBP 87.857,1428 |
3. Заокружување на вредности
Заокружувањето на вреднсоти во документот влијае смо на издадените документи и примените нарачки ако се издадени во примарната валута. primary currency.
Пример:
Да претпоставиме дека сумата во ставката е 10.110,44 МКД, ДДВ вредноста е 1.920,98 МКД и вкупниот збир е 12.031,42 МКД.
Параметар за заокружување на вредност |
Вредност во документ на испис |
0,0100 |
12.031,42 МКД |
0,0000 |
12.031,42 МКД (ако не се постави параметарот или тој е помал од 0,01, програмот секогаш ќе ја заокружи вредноста на второ децимално место!!!). |
0,5000 |
12.031,50 МКД |
1,0000 |
12.031,00 МКД |
Разликите кои може да се појават во зависност од употребеното заокружување може да се видат на прикажаните примери.
Испис со заокружување на 0,01 (предефинирана поставка):
Испис со заокружување на 0,50:
Испис со заокружување на 1,00:
Или на ПОС сметка (видете Испис на ПОС сметка):
----------------------------------------
Артикал 1
1,00 парче 194.028,47 194.028,47
----------------------------------------
Вредност: 194.028,47 МКД
Разлика : -0,47
За плаќање: 194.028,00 МКД
----------------------------------------
При книжење: Разликата помеѓу сумата од ставките во документот и заокружувањето во документот кога се прави автоматско книжење на издадени сметки, ќе се прикаже како позитивна или негативна разлика во заокружување.
Приказ со заокружување на 0,01 (предефинирана поставка):
Приказ со заокружување на 0,50:
Приказ со заокружување на 1,00:
4. Основа за калкулација на продажна цена
Дефинираната основа за калкулација на продажна цена одредува како програмот ќе ја заокружува продажната цена. На пример, каде што цената на артиклот е со повторувачки децимали. Такви вредности се добиваат при конверзија на цените со формула.
Пример:
Цената на артиклот е 6,666666666... МКД, 18% ДДВ е 1,19999999.. МКД, вкупната вредност е 7,86666666... МКД.
Користени се предефинирани поставки за заокружување на цените, ставките во документите.
Основа за калкулација на продажна цена |
Цена |
ДДВ |
Цена+ ДДВ= Вредност |
M - Цена со ДДВ вклучен |
6,67 МКД |
1,19 МКД |
7,86 МКД |
P - Продажна цена без ДДВ |
6,67 МКД |
1,20 МКД |
7,87 МКД |