Образец ДДВ 04
Нова даночна пријава
1. Промет – влезни документи

Набавка ослободена од ДДВ не се прикажува никаде во пријавата.

Во новата пријава авансите не се прикажуваат во одделно поле туку се прикажуваат во регуларните полиња 01-04 и 18,19. Поради тоа, на документот 160 во позадина треба да означите „Материјално“, со цел и тие промети да влегуваат тука.
2.Промет- Излезни документи


Аванси
Авансите внесени во документ 370-Примени аванси, треба исто да се прикажуваат во овие полиња:

Извоз
Извозот се прикажува на следниот начин:


3. Поле 07- промет кој не е предмет на оданочување во земјата
Треба да се отвори нова тарифа (во овој пример V7) и да се означи на следниов начин:

Напомена: Треба да е означена опцијата Ослободување при извоз. Само доколку е означена оваа опција, полето 07 ќе се пополни.


4. Поле 08 - промет за кој данокот го пресметува примателот (излезни документи)
Во овој случај се користат тарифите P0,P1 и P2.

Кога на документ ќе се појави тарифа со ознака ДДВ пресметува Примателот, на формата се појавува дополнително поле За плаќање по член 32.а – тука се прикажува износот без пресметан ДДВ.
Напомена: Во регуларната рекапитулација стои и ДДВ и за плаќање заедно со ДДВ - тоа е само информативен податок колку ДДВ треба да плати Примателот.

Во системските исписи е среден и изгледот на фактурата. Во полето Вкупно се прикажува износ без ДДВ, а по тарифи се прикажува колку точно е пренесената обврска.
Во долниот дел Даночни стапки, законски мора да стои колкав е износот на ддв кој се пренесува на примателот.


5. Полиња 13,14,15,16 – пренесена обврска (приказ од страна на примателот – влезни документи)


6. Полиња 09,10,11,12 – реекспорт на лиценци
За приказ во овие полиња се користат L тарифите, и задолжително е да се подеси во Администраторска Кознола од која банка се повлекува продажниот курс.





7. Полиња 24,25 – увоз


Во поле 24 се испишува Основа за ДДВ од ЕЦД (од калкулација набавка).


8. Основ за искажување на податок во поле 27 од ДДВ пријавата
-n1, n2, n3, n4, n5, n6 и n7 тарифи кои ќе се користат во делот за искажување на податок во поле 27 од ддв пријавата.
Во шифрарникот на цариски тарифи треба да се штиклирани одредени полиња за секоја тарифа.Во шифрарникот се додадени нови полиња и тоа се:Неовластено истакнат ДДВ,НАТО,поле Член37,Поголем данок од долгуваниот,Поништување на договор и Пред регистрација на даночен обврзник). Со отварање на новите даночни тарифи и штиклирање на соодветните полиња во шифрарникот на тарифи делот “основ за искажување на податок во поле 27 од ддв пријавата” се потполнуваат автоматски.

Подесувањата во шифрарникот на цариски тарифи се следните:
За да се покажат податоци во полето “Даночни износи кои се должат според член 55 став 1 од ЗДДВ-неовластено истакнат ДДВ”,во шифрарникот на партнери треба да сe отвори нова даночна тарифа пример n1 и да ги штиклираме ДДВ се пресметува,ДДВ се зема во предвид,Останати/предходни и неовластено истаканат ддв.

За да се покажат податоци во полето “Даночни износи кои се должат според член 55 став 2 од ЗДДВ-одделено истакнат поголем данок од долгуваниот”, треба во шифрарникот на партнери да се отвори нова даночна тарифа пример n6 и да се штиклирани ДДВ се пресметува, ДДВ се зима во предвид, Останати/предходни и more distinguished tax.

За да се покажат податоци во полето “исправка на одбивка на предходни даноци според член 32”, треба во шифрарникот на партнери да се отвори нова даночна тарифа пример n7 и да се штиклирани ДДВ се пресметува, ДДВ се зема во предвид, останати/предходни и поле32а.

За да се покажат податоци во полето “даночните основи кои се должат или побаруваат заради промена на даночна стапка или поништување на договор”, треба во шифрарникот на партнери да се отвори нова даночна тарифа пример n2 и да се штиклирани ДДВ се пресметува, ДДВ се зема во предвид, останати/предходни и поништување на договор.

За да се покажат податоци во полето “НАТО сили”, треба во шифрарникот на партнери да се отвори нова даночна тарифа пример n5 и да се штиклирани ДДВ се пресметува, ДДВ се зема во предвид, останати/предходни и НАТО.

За да се покажат податоци во полето “ДДВ содржан во добра на залиха наменета за натамошна продажба пред регистрација на даночен обврзник за цели на ДДВ”, треба во шифрарникот на партнери да се отвори нова даночна тарифа пример n4 и да се штиклираат ДДВ се пресметува,ДДВ се зема во предвид, останати/претходни и предрегистрација.

Откако ќе бидат направени сите овие подесувања, доколку ја имаме изберено било која од овие даночни тарифи, делот во образецот ќе биде потполнет.


- Промет група А (18%) – Во овој ред се покажани податоци за вкупната вредност на документи за малопродажба со ДДВ 18%
- ДДВ група А (18%) – Во овој ред има податоци за вкупната вредност на ДДВ 18% во документите на малопродажба
- Промет група Б (5%) - Во овој ред се покажани податоци за вкупната вредност на документи за малопродажба со ДДВ 5%
- ДДВ група Б (5%) - Во овој ред има податоци за вкупната вредност на ДДВ 5% во документите на малопродажба
- Промет група В (0%) – Во овој ред се покажани податоци за вкупната вредност на документи за малопродажба со ДДВ 0%
- ДДВ група В (0%) - Во овој ред има податоци за вкупната вредност на ДДВ 0% во документите на малопродажба
- II – Вкупен износ од сторни сметки – Целата вредност заедно со вредноста на ДДВ од сторните сметки во малопродажба.
- III – Вкупен износ фискални – сторни –Вредност во колона 1 минус колона 2. Овие вредности се поделени во зависност од вредноста на ддв.
Пример во прилог

Вкупно промет од групи А и Б – Вкупната вредност од првиот и третиот ред од третата колона.1000+ 1000 = 2000
Вкупно ДДВ од групи А и Б – Вкупната вредност од вториот и четвртиот ред од третата колона– 152 + 47 = 199