
Врати База податоци
Враќање на резервна копија од облак
Сега, кога знаеме како да архивираме база во облак, да се научиме и да ја обновиме. Резервната копија ја обновуваме од облак во истото мени како што ја извршуваме резервната копија. Имено, менито за архивирање на базата се наоѓа во Администраторската конзола под гранката Податкова база, Резервна копија.
Од списокот (повторувам, сите бази кои се чуваат во облак се поврзани со нашата серијска бројка), каде што ги гледаме постојните резервни копии во облакот, со десен клик на глувчето ја избираме базата која сакаме да ја реставрираме и кликнуваме на копчето 'Врати податоци'.

Ќе се отвори ново прозорче.

Во полето 'Резервна копија' внесуваме патека, каде што базата треба да се пренесе локално од облак.
Во полето 'Ново име на базата' внесуваме произволно име на базата.
Програмата ни нуди подразбирана патека, каде што треба да се зачува базата на податоци и транзакцискиот лог. По желба, можеме да ја промениме локацијата на базата на податоци и транзакцискиот лог на произволна вредност.
За сега, мораме да бидеме внимателни во овој чекор, да ги именуваме правилно екстензиите на базата на податоци и транзакцискиот лог. Фајлот што се создава мора да содржи екстензија, како што е прикажано на сликата. Базата на податоци треба да се именува 'dataMojaNovaBaza.mdf', а транзакцискиот лог 'logMojaNovaBaza.ldf'.
Кога базата успешно ќе се реставрира, Pantheon ќе не извести за тоа. Базата сега е вчитана на локалниот сервер и веќе е достапна преку прозорецот за пријавување.

На ново реставрираната база сега се пријавуваме преку прозорецот за пријавување на Pantheon. Не заборавајте да го освежите списокот на бази.