| 1. Контрола на книжење на децималните места ( дозволено најмногу 2 децимални места) |
До оваа грешка може да дојде како резултат на лоша претходна верзија на Програмот или доколку записите кои ги внесува корисникот се со повеќе од две децимални места. Овие податоци се потенцијални кандидати за пресметка на курсни разлики. Контролата овозможува автоматска корекција на овие грешки |
|
2. Контролен износ- Должи или Побарува
|
Отсуство на оваа конрола во PANTHEON 5.0, дозволуваше внес на сметководствени податоци истовремено и на Должи и на Побарува страната. Овие книжења мора рачно да бидат променети ( избришани или корегирани со книжење само на Должи или само на Побарува страната)
|
| 3.Контрола на разлики во износ Должи/ Побарува |
Отсуство на оваа контрола во PANTHEON 5.0, дозволуваше внес на сметковдствени податоци истовремено и на Должи страната во домашна валута и на Должи во странска валута по ист курс, како и внес на податоци на страната на Побарува и во домашна и во странска валута со ист курс.Контролата овозможува автоматска корекција на овие грешки. |
| 4.Контрола на несалдирани конта |
Контролата врши проверка на сите налози каде салдото на налогот за книжење не е израмнет на двете страни од книжењето. |
| 5. Контрола на референтен интегритет |
Проверува дали постои контен план, контра конто, оддел, носител на трошок и валута кое не е соодветно пополнето нa позицијата во налогот за книжење. Оваа контрола овозможува автоматско корекција.
Проверката на референтен интегритет , алатка која се наоѓа во Амд. конзола, овозможува програмот непречено да работи |
| 6. Контрола дали постојат курсни разлики |
Проверката на крајот на година дали постојат курсни разлики од книжењето во текот на целата година, е задолжителен чекор на страна рачното затварање на курсните разлики.
Соодветно затварање на курсните разлики е неопходна процедура и потребно е секогаш да биде направена, пред да се направи заклучок на годината.
|
| 7. Контрола на износот Должи или Побарува |
Слична контрола како и 2. Разликата е во тоа што треба рачно да се корегиираат позициите каде истовремено има износ и на Должи и на Побарува |
| 8.Контрола на износот Должи или Побарува во однос на странска валута |
Оваа контрола ги означува книжењата каде и на Должи и на Побарува страната има износ различен од нула, а се во странска валута.
Слична контрола како и 2. и 7. Потребно е рачно да се корегираат позициите
|
| 9. Контрола на датум за доспевање говори дали е компензацијата заклучена или не |
Кога компензацијата не е потврдена, тогаш недостасува датумот на доспевање. Непотврдените компензации мора да бидат избришани пред заклучокот на година и повторно да бидат направени одкако ќе биде направен заклучокот на година. |
| 10.Конрола на непотребни ( празни ) места на крај на колона |
Секоја датабаза или програм, има предодреден алгоритам согласно кој се зачувуваат податоците. Благодарение на овој алгоритам, се елиминираат абнормалности при зачувувањето и презентација на податоците.
Конткретно оваа контрола, автоматски ги корегира непотребните празни места.
|
| 11.Контрола дали постои конто во сценарио- постои книжење |
Постои можност документот за заклучок на година да биде отворен. Во шифрарникот на видови на документи немаме означено Сценариото е ускладено со контниот план. И доколку тогаш внесеме ново конто во контниот план и истото конто да биде употребено во налозицте за книжење. На крајот на годината, ова конто не е пренесено во сценариото за заклучок на година.
Оваа контрола дава известување за токму оваа ситуација. За да се реши истото, на располагање имате две опции: Со кликање на копчето Подготовка на сценарио или пак со рачно внесување на контото во сценариото.
|
| 12. Контрола дали постои курс на 31.12 кај девизните книжења. |
Доколку сакате да пресметате курсни разлики за отворените ставки, неопходно е да имате внесено девизен курс во Шифрарникот на Партнери. Девизните курсеви можат да бидат внесени рачно или да бидат импортирани од интернет. |
| 13. Контрола на конта во склад со ознаката на салдаконта во контниот план и АК |
Многу корисници, во Адм. конзола имаат внесено конта за Добавувачи и Купувачи, додека пак во Контниот план и во сценариото ги имаат истите конта означено исто како и во Адм конзола, но без подесувањето потребно за да во почетниот налог се пренесат податоците по отворени ставки.
Оваа контрола ни дава до знаење дека пренесувањето на отворените ставки ќе биде сумарно.
|
| 14. Контрола на книжење |
Програмот ги наоѓа сите позиции кои смета дека се специфични, како на пр 10- -000001, и сл. Овие податоци не се видливи во Програмот, а последица се на грешка на самиот Програм. |
15. Контрола на книжење |
|
|
16.Контрола на книжење 
|
|
| 17. Контрола на книжење, кај која валутата е празна |
Контролата е резултат на грешка на Програмот, како на пр празни полиња или непотполно поле за девизен курс. |
| 21. Контролата проверува дали во курсната листа се внесени курсеви со износ нула. |
Контролата проверува дали во курсната листа се внесени курсеви со износ нула.Доколку да, тогаш заклучокот на година нема да биде точно направен. |