Употреба на авторизација Дозволено менување
Освен ниво на авторизација (бришење, пишување ...) на корисникот може да му се одреди и дозволен број на денови за внос/менување (пр. датум на документи):
- 0 = тековен ден (денес)
- 1 = денес и вчера
- 30 = триесет дена наназад
1. Дозволено менување - 0 денови
На корисникот АА само за тип на документ 3А00 - Кусок во инвентарот е дефинирана авторизација Бришење, а дозволено менување (Надгради период) е поставено на 0 денови.

Што значи тоа за корисникот?
1. За тој вид на документ корисникот може да внесува документи само со денешен ден.
2. Ако се обиде да внесе претходен датум нема да биде дозволено, а програмот ќе јави грешка поврзана со авторизацијата (погледнете Za to operaciju niste autorizirani (xxx)! (Dokument ne možeš više mijenjati!)
3. Ако се обиде да внесе било кој следен датум тоа ќе биде дозволено.
2. Дозволено менување - 1 ден
Што значи тоа за корисникот?
1. За тој вид на документ корисникот може да внесува документи само на денешен или вчерашен ден.
2. Ако се обиде да внесе со датум постар од вчерашниот нема да биде дозволено, а програмот ќе јави грешка поврзана со авторизацијата (погледнете Za to operaciju niste autorizirani (xxx)! (Dokumenta ne možete više mijenjati!)).
3. Ако се обиде да внесе било кој следен датум тоа ќе биде дозволено.
3. Менување на надредени авторизации
Покрај менување на подредени нивоа на авторизации, тоа може да се направи и со надредени и со тоа се влијае на сите делови од тој модул. Во примерот ќе се промени дозвола за неограничено менување со дозвола за менување во рок од 7 дена.

Промена на надредено ниво на авторизација со промена како во примерот на сликата е можно само доколку не се авторизациите доделени експлицитно, односно ако се наследени од надреденото ниво - колоната Наследени треба да биде означена (чекирана). Само во тој случај надреденото ниво Нарачки, ќе има дозвола за промена на док,ументи поставена на 7 дена како на сликата.