Практични примери
Доделување авторизации за нов корисник
Нов корисник нема доделено авторизации. Тие што ќе му се доделат се експлицитно доделени авторизации само за тој корисник. Останатите права можат да се додадат од надредена авторизација или од групата во која корисникот ќе биде додаден.

Од примерот на горната слика, за корисникот да има полни авторизации за Нарачки доволно е да се кликне на копчето
(додај недефинирани). Истото се однесува на подредените функции во гранката Нарачки.Ако авторизциите се веќе доделени (слика подолу) на нарачки се додаваат авторизации за бришење. Со десен клик на надредената гранка за авторизација или на името на корисникот, постои можност пренос на авторизациите на подредените во гранката Подесувања.

Авторизациите кои се доделени се означени како на сликата.

Авторизации на групи и корисници
Во компаниите со повеќе оддели (продажба, набавка, финансии ...) корисниците фунционално се групираат. Препорака е во такви компании корисниците да се во соодветни групи со доделени авторизации.
Додавање група на корисник

Додавање корисник во група.

Авторизација на група каде не се доделени, потребна е експлицитна авторизација.
Кога корисникот ќе стане член на група, ги добива сите авторизации од групата кои не се експлицитно поставени на ниво на корисникот. Во тој случај корисникот, ако за групата авторизациите за Нарачки се за читање, добива авторизации за читање. Доколку авторизациите за нарачки се поставени претходно кај корисникот, тој нема да ги добие авторизациите од групата. Авторизации поставени на ниво на корисник имаат повисока хиерархија од правата на ниво на група. Корисникот може да припаѓа на повеќе групи. Во тој случај корисникот ги наследува авторизациите со највисоки права од секоја група.
Копирање авторизации
1. Копирање на авторизации може да се направи преку стеблото за авторизации. Може да се копира за одредена гранка или за нејзини подредени гранки. Тоа значи дека се копираат само авторизации а не видови документи, статуси или шифрарници.
Пример: Копирање на авторизации за Партнери нема да ги копира авторизациите за Складиште и Оддел. За копирање на овие ентитети потребно е поединечно да се означат и потоа да се копираат авторизациите.

2. Копирање на сите авторизации. Тие може да се копираат преку гранката за безбедност. Преку таа форма може да се копираат авторизациите од еден корисник на друг. Исто така може да се копираат авторизации или членство во група или и двете опции.

Може да се копираат авторизации или членство во група и од базата на која сме најавени на некоја друга база која се наоѓа на истиот SQL сервер. За да биде успешно копирањето, мора да постои корисникот во базата на која копираме. Истото ваќи и за група. Може да се означата повеќе бази на кои ќе се копираат авторизациите. Тоа се прави со клик на типката shift или ctrl и се глувчето се избираат базите.
Сите бази на кои сакаме да ги копираме авторизациите мора да бидат на иста верзија како базата од која копираме.
 |
Погледнете повеќе во Безбедност на ниво на корисник. |
