Внос од фолдер
За да се користи овој бизнис процес првин треба да се пренесе од web сервисот. Се користи копчето
Пренос на шифрарник и се одбира Внос од папка потпишан.

Бизнис процесот е веќе интегриран во формата Документација на копчето Увоз/Извоз.

Во Административна конзола се поставува сандаче за внос Се поставува класификација и во табот Подесувања се креираат два записа:
- Операција acReadFrom и Податоци каде што е патеката до фолдерот што ги содржи документите за внос.
- Операција acMoveTo и Податоци каде што е патеката до фолдерот што ги содржи документите што се внесени.

Документите за внос можат да се именуваат различно, во зависност од фолдерот каде што се сместени. За спојување на повеќе документи во еден пакет се користи специјалниот карактер # - ExternalID # FilenName.pdf.
После извршувањето на бизнис процесот за внос на документи во документација, секој внесен документ добива класификација како што е поставена во сандачето.