Динамички филтер
Динамички филтер



За подобар пристап на податоците кои Ви се потребни за Вашата секојдневна работа, можете да ги користите динамичките филтри на формата на работниот налог, кој Ви овозможува да го прилагодите сетот на работните налози според Вашите потреби.
Филтерите може да се додаваат, уредуваат, зачувуваат и бришат.

Додавање филтери
Кога додавате филтери, одберете ги полињата кои сакате да ги додадете и изберете ги вредностите по кои сакате филтерите да се запишат.
Можете да одберете повеќе вредности по едно поле.
Резултатот од филтерот може да се види на подолу од оваа форма.

Снимање на филтер
Филтрите кои често ги користиме можеме да ги зачуваме.
Ви препорачуваме да користите име кое одговара на филтерот.
За да го зачувате филтерот, внесете назив на филтерот и кликнете на иконата Зачувај.

Промена на филтри
Доколку имате потреба од промена на веќе постоечки филтер, можете да го промените во било кое време.
Изберете го филтерот кој сакате да го промените, променете ги критериумите, додадете или избришете ги полињата, променете ги вредностите и кликнете на копчето Сними.

Подесување на стандарден филтер
Изберете го филтерот кој што сакате да го поставите како стандарден. кликнете на иконата за филтер од десната страна од називот на филтерот и изберете ја опцијата Постави стандардно


Бришење на филтер
Доколку не сте задоволни од филтрираниот сет на податоци, филтерот исто така можете да го избришете.
Одберете го филтерот кој сакате да го избриете и кликните на копчето Бриши филтер.

Заглавје
| Додади филтер |
Достапни се сите записи |
| Избриши филтер |
Избришете го образецот на филтерот |
| Избриши |
Избришете ги моментално поставените вредности на филтерот. |
| Зачувај |
Ги зачувува избраните ставки на филтерот и сите тековно поставени вредности.
|
| Форма на филтерот |
Внесете или изберете име на филтерот од табелата за избор (до 30 алфанумерички знаци). |
Спецификација на полињата при креирање на филтер
| Нарачка |
Внес/избор на сите нарачки на купвачи на кои го правиме ограничувањата. Изборната листа содржи нарачки на купувачи и работни налози за производство.
|
| Нарачки на купувачи |
Внесете ограничување, ознака за нарачателот на купувачи за кој сакаме да го поставиме ограничувањето на податоци
|
| РН |
Внесете или изберете број на работен налог по кој сакаме да ги ограничиме прикажаните податоци. |
| Производ |
Одберете производ по кој сакаме да ги ограничиме приказот на податоци. |
| Примарна класификација |
Одберете примарна класификација за идент по кој сакате да ги поставите ограничувањата на податоци. |
| Секундарна класификација |
Одберете секундарна класификација по која сакате да ги поставите ограничувањата за приказ на податоци. |
| Купувач |
Одберете шифра на купувач по која сакате да го поставите ограничувањето за приказ на податоци. |
| Нарачател |
Одберете шифра на нарачател по која сакате да го поставите ограничувањето за приказ на податоци. |
| РН Датум Од-До |
Одберете почетен и краен датум за РН |
| Датум на нарачка Од-До |
Ограничете по датум на нарачка со избирање на почетен и краен датум. |
| Почетен датум Од-До |
Одберете датум на почеток и крај на работниот налог. |
| Краен датум Од- До |
Одберете почетен и краен датум за завршување на работниот налог. |
| Носител на трошоци |
Внесете или одберете шифра на носител на трошок за ресурс каде е потребно да се изврши една операција на работниот налог. |
| РН статус |
Одберете го статусот на работниот налог за кој сакате да прикажете податоци. |