PAAS инсталација и тестирање








Со цел PAAS правилно да фунционира, потребно е коректно да е инсталиран и поставен. Може подолу да ги најдете основните упатства за инсталација и тестирање на PAAS:
1. Вовед во инсталација на PAAS
2. Што имплементира овој сервис?
3. Инсталација на PAAS
1. Вовед во инсталација на PAAS
PANTHEON Automation Server (PAAS) е микро сервис апликација која ги контролира закажаните задачи во PANTHEON.
PAAS е изворна Windows 64‑bit апликација кој се извршува како Windows сервис.
PAAS се инсталира на виртуелна машина со пристап до серверот со PANTHEON базите. Ова обезбедува сигурност и поставување на соодветни сигурносни ограничувања.
Кај сервери со повеќе бази, виртуелната машина со PAAS мора да има можност за извршување во исто време на повеќе PANTHEON-и. Исто така мора да има повеќе достапни процесорски јадра.
 |
За тестирање или развој, PAAS може да се извршува и како конзолна апликација стартувана од командна линија. |
2. Што имплементира овој сервис?
Серверот за автоматизација е имплементирн како .exe фајл (PAAS.exe), без надворешни зависности. Не се потребни дополнителни системски ресурси.
PAAS имплементира едноставен REST API со JSON синтакса.
 |
За клиенти со директен пристап до SQL Server, можно е да се користат команди за PAAS задачи преку табели. Погледнете во темата Алтернатива за REST API. |
3. Инсталација на PAAS
За тестирање или развој, PAAS може да се извршува како конзолна апликација стартувана од командна линија.
PAAS.exe е стандарден Windows сервис и може да се инсталира со користење на Windows service инсталациски метод како sc.exe, или преку чекорите на инсталаторот, што е препорачан начин.
Може да најдете повеќе за другите опции за инсталација на PAAS на следните теми:
1. Рачна инсталација на PAAS
2. Како да се отстрани PAAS
3. Инсталација на PAAS под кориснички профил
Поврзани теми: