Користење подножје на елемент на контролна табла

 |
РЕЗИМЕ НА СЛУЧАЈ
Доколку имате многу податоци кои треба да се прикажат на елемент на контролна табла, може да вклучите пресметка во подножје на елемент на контролната табла. Пример, може да се постави сума на поединечен ред на елемент на контролната табла.
- Креирање на прилагоден елемент
- Едитирање на SQL скрипта
|
1. Креирање на прилагоден елемент
За да се вклучи пресметка на SUM на елемент на контролна табла, потребно е да се едитира SQL скрипта. Бидејќи SQL скриптата не може да се едитира (менува) во предефиниран Даталаб елемент, потребно е да се креира свој елемент или да се копира постоен предефиниран Даталаб елемент.
2. Едитирање на SQL скрипта
Подножјето не е видливо на предефиниран Даталаб елемент. Ова значи дека подножјето нема да влијае на постојна контролна табла или елемент. Подножјето ќе се појави само на елементите каде што е дефиниран SUM.

SUM се дефинира во насловот на елементот. Подолу е пример на скрипта со неколку опции како да се поставу во насловот SUM.
select
case when isnull(ATI.acSubject, '') = '' then nde.acCaption else ATI.acSubject end as #$sqlSubject$#,
cast(sum(case when IsNull(ATI.adDateDue, Dateadd(day, -1, Getdate())) < GetDate() then (ATI.anCredit - ATI.anDebit) as 'SUM_#$sqlDue$#',
cast(sum((ATI.anCredit-ATI.anDebit) ) else case when ATR.addate <= A.LastDate then end else 1 end end) as decimal(15,2)) as SUM_Claim
from vHE_AcctTransItem ATI
2.1 Додавање SUM на прилагоден наслов
Доколку се креира елемент од прилагодена SQL скрипта, потребно е да се вклучи наслов на саканата мерка. Во овој случај прилагодениот наслов е Claim (as Claim). За да се пресмета SUM за таа вредност, се додава SUM_ (точниот наслов е SUM_Claim).
2.2 Додавање SUM на предефиниран Даталаб наслов (преведен наслов)
Може да се додаде SUM на вредноста ако насловот е предефиниран (или преведлив). Таквите наслови се пишуваат како #$sqlDue$#. Во овој случај се додава SUM_ пред насловот со наводници (точниот наслов е 'SUM_#$sqlDue$#').
3. Додавање елемент на контролна табла
Откако е додадена SUM на избраните наслови, следно е да го додадете тој елемент на контролна табле, каде што ќе биде прикажана сумата. Доколку сте додале SUM на прилагоден наслов, насловот е прикажан во правоаголни загради ( [] ) каде што предефинираниот Даталаб наслов е нормално запишан.

 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
SUM може да се вклучи само во колони со нумерички вредност. Доколку се додаде во наслов на колона со ненумерички вредност же се јави грешка.
|