Чаробници на POS сметката
Чаробниците се наоѓаат во алатната лента на прозорецот на новата POS сметка.
На располагање е fункционалност Аванси и овозможува, да авансната сметка ја поврземе со ново издадената POS сметка.
 |
СОВЕТ
Повеќе за чаробниците на POS сметката можете да прочитате во поглавјето на техничкиот прирачник Чаробник на POS.
|
Во продолжение на примерот ви прикажуваме пример за употреба на Чаробникот на POS сметката.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорната личност сака нова POS сметка да ја поврзе со аванс. Тоа го прави по следните чекори:
- Отворање на прозорецот Нова сметка
- Чаробници
- Додавање аванс на POS сметка
- Начин на плаќање на POS сметката
- Печатење на POS сметката
|
1. Отворање на прозорецот Нова сметка
Одговорната личност избира Малопродажа POS | Нова сметка.
Се отвора прозорец Нова сметка за внесување податоци.

Внесува податоци за набавените производи. Во нашиот пример износот изнесува 2.320,00 EUR.
Одговорната личност ја користи функционалноста Чаробници: Аванси.
2. Чаробници
Во алатната лента на прозорецот кликнува на копчето Чаробници или на паѓачкиот список, каде што избира опција: Аванси.

Се отвора прозорец со список на сите уште отворени аванси.

Од списокот избира оној аванс, кој сака да го додаде на POS сметката.
3. Додавање аванс на POS сметка
Избира аванс така, што избира празен прекинувач, кој се полни со чекорче
(прикажано на долната слика).

Натамошно продолжува со клик на копчето Потврди.
Се појавува прозорец со предупредување: Креирање на негативни авансни сметки завршено!

Одговорната личност избира опција Продолжи.
4. Начин на плаќање на POS сметката
Се појавува прозорец со избор на начин на плаќање.
Одговорната личност во полето POS - Готовина внесува износ на аванс: 2.305,80 EUR.

Натамошно продолжува со печатење на POS сметката.
5. Печатење на POS сметката
Во прозорецот Плаќање на сметката кликнува на копчето Печати.
Се отвора прозорец со преглед на POS сметката.
