ДДВ-ЕПФ со Имплементатор
Имплементаторот на проектот – примателот на прометот ослободен од ДДВ согласно член 24-а од ЗДДВ е должен да води евиденција на образец ДДВ-ЕПФ за примените фактури од вршителот на промет. Во евиденцијата се внесуваат фактурите кои се примени од даночен обврзник – резидент на СРМ(образец ДДВ-ФП-ДО) и примени фактури од даночен обврзник кој нема ниту седиште, ниту подружница во СВРМ, за промети за кои е користено даночното ослободување од членот 24-а став од ЗДДВ.
Евиденцијата ДДВ-ЕПФ се доставува до Управата за јавни приходи по електронски пат преку е-Даноци и тоа за секое календарско тримесечје, најдоцна до 25-ти во месецот по завршување на секое календарско тримесечје.
До фомрмата за ДДВ се пристапува преку главното мени Материјално | ДДВ.
Содржина
- Дефинирање на квартал
- Пресметка
- Потполнување на составувач, потписник и проект
- Печатење на образец ДДВ-ЕПФ
- Креирање на XML
|
 |
ВНИМАНИЕ
ДДВ-ЕПФ со имплементатор се користи за документи изгенерирани после 01.07.2022 година или со верзија на програмот 10.0.29.00
|
1. Дефинирање на квартал

Дефинирањето на кварталот се прави во левиот агол означен на сликата. Дефинирањето на кварталот се прави со редослед на внесување на година и следно бројот на квартлаот (2022-3).
2.Пресметка

Откако ќе го дефинираме кварталот за кој треба да поднесеме ДДВ-ЕПФ, следно преку копче ПРЕСМЕТКА ги добиваме резултатите од приемните фактури, во дадената табела.
На овој начин добиваме целосна пресметка за сите активни дефинирани проекти. Доколку сакаме да гледаме одреден проект, можеме да филтрираме со помош на копчето ПРОЕКТ
.
Овде е достапна и функцијата MULTISELECT, односно со помош на оваа функција можеме да направим филтер за преглед по два или повеќе ПРОЕКТИ.
 |
СОВЕТ
Доколку пресметката треба да биде направна за конкретен Проект, уште пред да кликнеме на копчето ПРЕСМЕТКА, можеме да направиме избор на проектот преку копчето ПРОЕКТ и на тој начин добиваме пресметка само за избраниот проект или избраните проекти преку функцијата MULTISELECT.
|
 |
ВНИМАНИЕ
1. За да пресметката биде извршена, потребно е претходно да бидат изберени видовите на документите за кои ја правиме пресметката во зададениот период.

2. За потребите на ДДВ-ЕПФ со имплементатор потребно е да се евидентираат податоците за проектот во шифрарникот на Носители на трошоци:

3.Фактурите кои подлежат на даночно ослободување од член 24-а Став од ЗДДВ, треба да бидат внесени со соодветната даночна стапка.
|
3. Потполнување на составувач, потписник и проект
За потребите на креирањето на XML за истиот да се вчита на страната на Е-Даноци, потребно е да се дефинираат:
- Составувач и потписник на ДДВ-ЕПФ со имплементатор се внесуваат податоци за :
- Назив (Име и презиме)
- Матичен број
- Својство ( функција во претпријатие)

- Имплементатор – Во евиденцијата задолжително се внесуваат податоците за подносителот на Евиденцијата (примателот на промет – имплементатор):
- Скратен назив и адреса на вистинско седиште на имплементаторот (примател на прометот)
- Телефон
- Е-пошта
4. Печатење на образец ДДВ-ЕПФ
Образецот ДДВ-ЕПФ е законски пропишан образец по ЗДДВ. Овој образец го добиваме преку копче ИСПИС.

5. Креирање на XML
Со помош на опцијата за креирање на XML имаме можност за автоматско вчитување на сите креирани фактури со дефинираните потребни податоци за одреден проект. Опцијата за експорт во XML се наоѓа на лентата со алатки (
)

Откако ќе се повикаме на опцијата Експорт ЕПФ со имплементатор, следен чекор е да направиме избор на патеката каде сакаме да го зачуваме посакуваниот фајл.

Откако ќе ја избереме патеката следно го заклучуваме процесот на креирање на фајлот преку копче ИЗВЕЗИ и КРАЈ.