Дашборд

Модулот за дашборди се користи за преглед на податоци. Модулот во PANTHEON Web Light вклучува истите дашборди како PANTHEON десктоп верзијата. Во оваа глава ќе ви покажеме како да прегледате Извонреден Дашборд.
 |
РЕЗИМЕ НА СЛУЧАЈОТ
Директорот Даниел е на деловно патување и сака брзо да провери некои од индикаторите за персоналот на Текта. За оваа цел тој користи еден од Извонредните дашборди. Тоа го прави на следниов начин:
- Избирање дашборд
- Прегледување на податоците
|
1. Избирање дашборд
Одговорна личност отвора Дашборд модул.
Дашбордите можат да се изберат од паѓачката листа над панелот на дашбордот. Листата содржи сите стандардни и прилагодени дашборди.

Директорот на компанијата сака преглед на персоналот на Текта, па тој го избира Преглед на персоналот дашборд.

 |
СОВЕТ
Можете исто така да пребарувате за специфичен дашборд пишувајќи име на дашбордот.

|
Дашбордот Преглед на персоналот е презентиран.

2. Прегледување на податоците
Откако ќе изберете дашборд, компонентите на дашбордот се појавуваат на панелот. Елементите се структурирани според поставките и нивната позиција не може да се промени. Само елементите тип табела, графикон и мапа се видливи на дашбордот. Елементите на дашбордот се променуваат и реорганизираат ако ја промените големината на прозорецот на вашиот прелистувач. Некои од елементите исто така содржат филтер во горниот десен агол, каде што можете да филтрирате вредностите на елементот. Во некои случаи, елементот е премногу голем за структурата на дашбордот и затоа е додаден клизач на десната страна.
Во овој случај, дашбордот се состои од следните индикатори:
- Бр. на вработени денес/Крај на минатата година
- Процент на привремени вработени
- Привремени вработени по квартали
- Тип на работни односи
- Структура на возраст на вработените
- Процент на работени часови
 |
Совет
Насловот на дашбордот и натписите ќе се појават на јазикот што го избравте во PAW менито. Ако насловот во натписите не е на ист јазик, тоа значи дека вашата база на податоци не содржи преводи на дашбордите за избраниот јазик.
|
 |
Внимание
Тековната верзија на PANTHEON Web само овозможува користење на дашбордите кои содржат стандардни елементи на Datalab. Ако дашбордите се создадени од прилагодени елементи, многу е веројатно дека таквите елементи нема да се појават на дашбордот. Овие елементи мора да се прегледаат и можеби да се прилагодат на системот што овозможува извлекување на податоци за PANTHEON Web.
|
 |
Внимание
Во некои случаи, кога ќе отворите дашборд, појавува се пораката Елементите на дашбордот не се подготвени за PAW. Оваа порака означува дека дашбордот содржи елементи кои треба да бидат претходно вчитани. Елементот нема да биде видлив додека податоците не бидат претходно вчитани.
|