Како да се внесе нова отсутност?
Календар на неработни денови и отсутности
Во Кадри/календари/претпријатие треба да ги внесеме сите празници(верски и државни).

Празниците се внесуваат со десен клик на конкретниот датум и кликање на Запис.

Се отвара прозорец каде треба да избереме дали станува збор за Верски или за Државен празник.

Доколку ги немате овие записи(државен и верски празник) во опаѓачкото мени, во тој случај треба да ги подесите. Ова подесување се прави во Подесувања/Календар/Видови записи.

Во табот Претпријатие (празници,неработни денови)

Внесуваме ВЗ(вид на заработка) и избираме боја.(оваа боја се појавува подоцна во календарот). Треба да ги имаме избрано Верски празник и Државен празник.
Одкако ќе го подесиме ова продолжуваме во Кадри/Календар/Претпријатие и ги запишуваме сите празници за оваа година.
Календарот би изгледал како на сликата подолу:

Исто така во овој дел има опција за пренос на податоци од сервер.

Пример за отсутност на вработени.
Доколку ги имате овие подесувања,штом внесете осутност на вработените за ден што е државен празник истиот нема да се одбие од деновите одмор на вработениот.
Пример за вработен Александар Стојановска тест сакаме да внесеме денови од Годишен одмор од 01.08.2019 до 09.08.2019

Како што веќе имаме подесено месец Август има државен празник.


Системот не го внесува денот 02.08.2019 како ден од годишен одмор бидеејќи е неработен ден.
Ова ќе има импликации и во пресметка на плата. Со тоа што автоматски системот ќе повлече часови за Годишен одмор, часови за редовна работа и часови за неработен ден(празник).
