Почеток на поддршка на далечина
Упатство за remote поврзување
По отварање на тикет на нашиот Helpdesk, ќе Ве контактира дежурниот консултант за да Ви помогне да го решите пријавениот проблем.
За поврзување преку Интернет со консултантите од Даталаб, кликаме на менито Помош и ја избираме опцијата Поддршка на далечина.

Со ова се отвара нашата страна за корисници, дадено на сликата подолу:

Тука треба да биде селектирана првата опција – Request support from partner. Дополнително, во полето Причина, означено на сликата, го запишувате Вашето име и името на фирмата во која работите. Потоа кликатее на копчето Започни.

По ова, се појавува следниот прозорец, каде што чекате Вашето барање да го превземе консултантот кој Ве контактирал.

Кога консултантот ќе го прифати Вашето барање, се појавува копче на кое што пишува Кликнете на копчето и започнете со работа.

Со клик на ова копче, се download-ира програмот ISL Light Client. Кога ќе заврши download-ирањето, кликате на спуштеното exe.

Потоа чекате да се пополни лентата за верифицирање.

На крај се појавува прозорец, во кој што треба да го штиклирате полето Allow Remote desktop Control. Доколку системот Ви бара потврда, кликате Yes.

Консултантот ќе Ве информира дали го гледа Вашиот екран.