Формула со употреба на SQL израз
Формула со употреба на SQL израз
Формулата може да се запише и со употреба на SQL израз при што е потребно да се имаат предвид следните правила:
-
SQL изразот секогаш започнува и завршува со делимитер ~S~
-
во една формула може да има произволен број на SQL изрази
-
внатре во SQL изразот не е дозволена употреба на логички услови ([.. : ..]..)
-
внатре во SQL изразот не е дозволена употреба на темп табели со еден #
-
внатре во SQL изразот е дозволена употреба на променливки (# ... #)
-
во логичните услови е дозволена употреба на SQL изразот
Во SQL изразот може да се употребат сите математички функции, кои ги познава SQL серверот кој го користите. На пример:
-
SIN ( float_expression )
Враќа тригонометриски синус на дадениот агол (во радијани) во приближна нумеричка (float) експресија,
-
COS ( float_expression )
Математичка функција која враќа тригонометриски косинус на дадениот агол (во радијани) во дадената експресија,
-
TAN ( float_expression )
Враќа тангент на влезната експресија,
-
SQRT ( float_expression )
Враќа квадратен корен на дадената експресија,
-
и сите останати математички функции кои можете да ги најдете на следната врска: https://msdn.microsoft.com/en-us/library/ms174077.aspx
Формула со услов како што е нпр.: [#КОЛИЧИНА#>20:#Цена#*0,9] [#КОЛИЧИНА#>10:#Цена#*0,95] #Цена#
може да се запише и на начин со употреба на SQL израз:
~S~
case
when #КОЛИЧИНА# > 20 then #Цена# * 0.9
when #КОЛИЧИНА# > 10 then #Цена# * 0,95
else #Цена#
end
~S~
или пак на друг начин
~S~ dbo.МојаФункција(#КОЛИЧИНА#, #Цена#) ~S~
Во овој случај ви е потребна ваша функција со име dbo.МојаФункција().