
Автоматско резервно копирање на локален диск
Услови за да извршиме автоматско резервно копирање на локален диск:
1.) Правилно поставени патеки за резервно копирање
Администраторска конзола | Верзии/освежување | Надградба

Слика 1: Пример на поставување патеки за резервно копирање.
* Патеката 'D:\Backup' мора да постои. Windows корисникот, кој извршува резервно копирање мора да има право за читање и пишување во оваа папка.
* Pantheon корисникот мора да има право за извршување резервно копирање.
* Може да се изврши резервно копирање и преку мрежно споделена папка, ако Windows корисникот, кој ќе извршува резервно копирање има пристап до оваа папка на серверот, на пример '\\networkname\backup'.
2.) Корисникот, кој ќе извршува резервно копирање
Администраторска конзола | Корисници и групи | Корисници
Избираме произволен корисник, кој се поврзува со субјектот на нашата компанија. Двоклик на субјектот на постојниот корисник ни отвора уредник на субјекти за субјектот на нашата компанија. Додаваме корисник. За внес на нов корисник под субјектот на својата компанија мораме да наведеме име и презиме, на пример име Auto и презиме Backup. Креираме корисник со името AUTO_BCKP. Произволно му поставуваме лозинка, која ќе ни биде потребна подоцна при дефинирање на параметрите. Улогата да биде сопственик на базата на податоци ќе биде доволна за корисникот да изврши резервно копирање.
* За време на надградбата улогата на базата на податоци за корисникот може да биде избришана. По надградбата е потребно да се провери на овој корисник, дали неговата улога сè уште е иста, односно сопственик. Станува збор за SQL улога 'db_owner'.

Слика 2: Под субјектот на својата компанија создаваме нов корисник.
2a.) Право на корисникот, кој ќе извршува резервно копирање
Администраторска конзола | Корисници и групи | Корисници | AUTO_BCKP | Безбедност
На корисникот AUTO_BCKP му ограничуваме правото, неговата единствена цел во програмата да биде извршување резервно копирање. Автентикацијата ја отклучуваме по следниот редослед:
1.) DataLab Апликации - читање
2.) DataLab Pantheon - читање
3.) Поставки - читање
4.) Шифрант програм - читање
5.) Администраторска конзола - читање
6.) База на податоци - читање
7.) Безбедносна копија - БРИШЕЊЕ

Слика 3: Пример на редослед на автентикација за новиот корисник AUTO_BCKP

Слика 4: Пример на автентикација за читање

Слика 5: Пример на автентикација за бришење
3. Системско име на нашата база
За автоматско резервно копирање ќе ни биде потребно и системското име на нашата база. Ова може да се добие на повеќе начини.
- преку пријавно окно, за да освежиме список на бази:

Слика 6: Пример на пријавно окно во PANTHEON. SI_MF, текстот обележан со нежно црвено е системското име на нашата база
- на врвот на секое отворено окно PANTHEON-а:

Слика 7: Пример на отворено окно PANTHEON-а. SI_MF, текстот обележан со нежно црвено е системското име на нашата база
- преку SQL упит:

Слика 8: Пример на упит sp_databases и враќање на резултат. Упитот ќе врати резултат во табелата. Во табелата се сите бази, кои се вчитани на инстанцата на нашиот SQL сервер, од кој го управуваме базата.
Подготвуваме параметар за автоматско резервно копирање
Ќе користиме следните параметри:
- /L=uid:pass - параметар, кој ја одредува автоматската пријава во PANTHEON
Пример на користење на параметарот за корисникот AUTO_BCKP со лозинка:
/L=AUTO_BCKP:12345678
- /BCKP:DB=имеНаПодаточнатаБаза - параметар, кој ја одредува, која податочна база сакаме да резервно копираме
Пример на користење на параметарот за податочната база SI_MF
/BCKP:DB=SI_MF
* Под овој параметар можеме да додадеме произволен број на бази. Треба да се има предвид дека корисникот AUTO_BCKP е креиран на сите бази и има право за извршување на резервно копирање. Базите ги одделуваме со точка и запирка ';'. Пример на користење на параметарот за податочните бази SI_MF, SI_MF_ALPHA_, SI_MF_RC:
/BCKP:DB=SI_MF;SI_MF_ALPHA;SI_MF_RC
- /BCKP=FULL - параметар, кој ја одредува извршувањето на целосно резервно копирање (запакува целосната податочна база во .bak форма, а потоа се компресира во диск пријателска .7z)
Пример на користење на параметарот:
/BCKP=FULL
- /BCKP:PWD='произволнаЛозинка' - параметар, кој ќе го заклучи .7z архивот со произволна лозинка при автоматското резервно копирање
Пример на користење на параметарот, каде што ќе го заклучиме нашиот архив под лозинка '12345678':
/BCKP:PWD=12345678
* Ќе ги заклучиме сите бази, кои ги дефиниравме под параметарот /BCKP:DB=имеНаПодаточнатаБаза.
Пример на мојот параметар ќе изгледа вака:
/L=AUTO_BCKP:12345678 /BCKP:DB=SI_MF /BCKP=FULL /BCKP:PWD=12345678
* Препорачувам, да го зачувате стартниот параметар во вашата датотека за податоци (на пример notepad / белешка).
Користење на параметри преку пречица
Параметарот, кој претходно го зачувавме во нашата датотека за податоци може да го користиме како стартен параметар на пречицата до датотеката Pantheon.exe.
Во мојот случај, ќе во папката, каде што го имам инсталирано PANTHEON-а од датотеката 'Pantheon.exe' ќе создадам нова пречица и ќе ја именувам autoBackup

Слика 9: Десен клик на Pantheon.exe и Create shortcut / Создај пречица
На новата пречица кликнуваме со десен клик на глувчето и избираме Properties / Својства. Во полето Target / Пат покрај веќе определената патека (C:\Datalab) внесуваме својот претходно зачуван параметар. Претходно запишаната патека во полето Target / Пат мора да остане, параметарот само го допишуваме за веќе наведената патека!

Слика 10: Пример, каде што го допишуваме својот параметар. По менувањето на полето Target / Пат прозорецот потврдуваме со Apply / Потврди и копчето OK.
Кога и да ја покренеме поставената пречица, PANTHEON автоматски ќе започне да резервно копира вашата база во позадината на вашиот систем. Брзината на резервното копирање зависи од системските капацитети на вашиот PC. Pantheon прво ќе направи резервно копирање на базата во .bak форма, а потоа ќе ја архивира во диск пријателска .7z форма.