
Подготовка на извештај Структура отворени ставки

Извештај Структура отворени ставки е наменет за преглед на плаќања примени и издадени фактури и планирање на приливи и одливи на пари.
Во ова поглавје ќе ви претставиме пример за користење на функционалноста на извештајот: Структура отворени ставки. Функционалноста се наоѓа во модулот Извештаи, подмодул Структура отворени ставки.
 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Структурата на отворени ставки може да се прегледа само ако документите се евидентирани во програмата ПАНТЕОН.
|
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорната личност сака детално да провери структурата на отворени ставки за компанијата Меркур д.о.о., на датум 17.8.2022. За таа цел, таа избира извештај Структура отворени ставки, кој го подготвува во подолу наведените чекори:
- Определување на критериумите за подготовка на извештајот
- Предглед на извештајот и печатење
|
1. Определување на критериумите за подготовка на извештајот
Одговорната личност го отвора формуларот за подготовка на извештајот така што кликнува во менито Извештаи, подмодул Отворени ставки.
Во полето Датум на доспевање вписува посакуваниот датум за преглед. Во нашиот случај: 17.8.2022.
Во полето Субјект од паѓачкиот список го наоѓа субјектот, така што започнува со пишување на името на субјектот: Меркур д.о.о.
Одговорната личност продолжува со избор на критериуми во полето Тип на преглед. Избира од паѓачкиот список: Детално по документи.
На основа на определените критериуми, програмата враќа следен резултат.

3. Предглед на извештајот и печатење
Одговорната личност сака да го отпечати извештајот со избраните критериуми. Има различни форми на печатење на располагање.
За таа цел, кликнува на копчето Печати, кое се наоѓа во горниот десен агол.
Од паѓачкиот список избира посакуваната форма на печатење. Во нашиот случај, одговорната личност избира:
ДОПОЛНУВАЊЕ И СЛИКА