Поврзувања на документи

 |
СОВЕТ
Целта на додавање документи/поврзување на овој начин е да се олесни фактурирањето без повторно внесување на исти податоци, туку едноставно додавање на фактура која веќе е издадена.
|
Додавањето документи/поврзување на фактурата го прави многу полесно создавањето на фактурата со копирање на сите податоци од позициите на избраниот документ или збир на документи и создавање на нова фактура од нив.
 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во моментов, оваа функционалност се применува само на консолидирани документи за издавање.
|
Најлесниот начин за користење на функцијата е да се создаде нова фактура за издавање, да се внесе купувачот и складиштето, а потоа да се избере од волшебникот опцијата Поврзете документ. Следниот прозорец се појавува:

На левата страна, можете да видите интерните документи кои се креирани за овој клиент:
| (Изб.) |
Изберете ги испратниците кои сакате да пренесете. |
| Број на испратница |
Број на документ, во овој случај број на испратница. |
| Датум |
Датум на испратница. |
| Износ |
Износот што треба да се плати. |
| Складиште |
Складиште. |
На десната страна, можете да видите ставките кои се појавуваат на секоја испратница:
| (Изб.) |
Изберете ги испратниците кои сакате да пренесете. |
| Позција |
Позиција во документот |
| Идент |
Краток назив на идентот. |
| Назив |
Долгназив на идентот (опис). |
| Износ |
Износ на ставката на испратницата. |
Можете да преземете сите испратници и иденти, или да изберете само поединечни. Има два копчиња за акција на дното на прозорецот:
| Откажи |
Го откажува процесот на додавање документи/поврзување и се враќа на претходната форма. |
| Додај |
Ова копче ги додава избраните испратници или иденти на издадената фактура. |
Откако ќе бидат пренесени испратниците, се појавува порака: Операцијата е завршена.

Кликнувањето на Потврди копчето создава фактура.