Автоматско пријавување на домен корисник
Автоматско пријавување на домен корисник
Покрај традиционалните пријавувања со корисничко име и лозинка PANTHEON™ поддржува и пријава преку Windows домен профилот. Во овој тип на пријава не е треба да се знае конкретна лозинка за најава во програмот, доволно е ако тие се најавени во доменот.
Ако го користиме овој метод, тогаш во регистарот се додаваат записи (во HKEY_LOCAL_MACHINE\Software\DataLab). Секој корисник има свој запис со следниве вредности :
- Username - шифрирано корисничко име за PANTHEON
- Password - шифрирана лозинка за PANTHEON
- DataBase - шифрирано име на базата на која ќе се пријави PANTHEON
Секој доменски корисник има свој запис во регистерот (000, 001, 002,...).
При стартувањето, PANTHEON проверува кој доменски корисник е најавен во системот и го бара соодветниот запис во регистерот. Доколку не го најде, се добива порака за грешка.
Доколку се најде, информацијата се декриптира и се користи за најава. Доколку не е валидна, се добива порака за грешка.
Логирањете во SQL базата на податоци се уште се врши преку SQL идентификација ( корисникот покрај доменско име и лозинка неопходно е да има PANTHEON корисничко име и лозинка ).
Користење
Во Параметри на командна линија се додава /LD за најава на PANTHEON.
После прво најавување со PANTHEON корисничко име и лозинка, тие се сочувуваат за понатамошна употреба.
При наредното вклучување PANTHEON го проверува најавениот доменски корисник и ако поставките се сочувани автоматски се најавува во PANTHEON.
За прекинување на функционалноста, го отстрануваме параметрот /LD. За промена на подесувањата ги бришеме соодветните записи од регистерот. За таа цел може да ја употребиме програмата ClearUsers.exe, која се наоѓа овде.
Изберете еден корисник и кликнете Izbriši на zapri да го избришете доменскиот корисник од регистарот.