Заклучок и почетен налог
Налог за заклучок на година и пренос на почетна состојба
 |
За поединечни конта, подесувата се прават во самиот Контен план, согласно тоа, истите можат да бидат затворени во:
|
 |
Доколку контото во Контниот план биде подесено така што треба да биде затворено и во домашна и во странска валута, тогаш ќе се креираат налози за заклучок на година и пренос на почетна сстојба во ист број колку што има и разлилни салда на различните валути.
Доколку заклучокот ќе биде само водомапна валута, тогаш ќе биде креиран само еден налог за заклучок и еден налог за пренос на почетна состојба. |
 |
Доколку постојат книжења во домашна и странска валута на одредено конто во моментот на завршното книжење на заклучок и пренос на почетна состојба, а притоа зададено е подесување во Контниот план дека книжење на тоа конто е дозволено само во домашна валута, тогаш книжењето за заклучок на година и пренос на почетна состојба ќе биде креиран само во домашна валута.
Ова подесување, може да биде променето, такашто првично ќе се избрише налогот за заклучок на година и пренос на почетна состојба, потоа во Контниот план ќе се корегира подесувањето и на крај ќе се направи заклучок на година и пренос на почетна состојба од почеток.
|
Кога ќе кликнете на копчето за заклучок, се креираат налозите за заклучок на година и налогот за пренос на полетна состојба. Креираните документи се симетрични.
Налозите за книжење можат да бидат отворени и преку м. Финансии- Книжење
1. Налог за заклучок на година
Доколку салдото на крајот на годината е на Дебит страната, тогаш книжењето треба да биде направено на Кредит страната од заклучокот на година. Обратно на ова, доколку салдото на крајот на годината е на Кредит страната, во тој случај книжењетотреба да биде направено на Дебит страната од документот за заклучок на година.
2. Налог за пренос на почетна состојба
Почетниот налог со кој се пренесува состојбата од изминатата година во новата фискална година претставува рефлексија на налогот за заклучок на година. Доколку одредено книжење во заклучниот налог се наоѓа на Кредит страната, тогаш истото ова книжење во почетниот налог ќе биде на Дебит страната. Истото ова правило важи и обратно.