Креирање на спецификација
Creating a Specification
Креирањето на спецификација ги вклучува следните активности: креирање, менување, преглед-верификација и бришење на спецификацијата.
За креирање на производна спецификација се користи стандардната икона
за нов запис. Образецот на спецификацијата ќе оди во режим на инсертирање. Потоа во полето за идент и пребарајте ја вашата ставка за да креирате нова спецификација или изберете веќе постоечка спецификација на производот за ажурирање или уредување.
Потоа ја одредува активната алтернатива. Нормално, по креирањето се користи 0 алтернатива. Потоа следува одредување (пресметка и проценка) на оптималната количина за изработка на составот, го проверуваме превзамниот вид на документ.
По потреба можеме и да го промениме и на крај го запишуваме податокот за стандарндна количина за дневна изработка.
Пребаравуњето на артикли можеме да го олесниме со употреба на посебна табела за пребарување, кој аја повикуваме со десен клик на глувчето и избор на опцијата “Барање идент“ или со помош на комбинација на копчињата од тастурата “Ctrl +F“ При употреба на CTRL+F програмот проверува дали бараниот артикал има креирано спецификација или не. Доколку идентот нема креирано спецификација, тогаш програмот јавува порака со предупредување:
Спецификација е можно да креираме само за К-Производ, С- Составена роба и У- Составена услуга.
Основни податоци, кои се наоѓаат во заглавјето на спецификацијата и се детално опишани во продолжетокот на ова поглавје. Покрај нив во заглавјето на спецификацијата е и панелот за Алтернативи во кој се дефенирани податоци за терминирање на поединечни алтернативи на спецфикацијата, што е опишано во следното поглавје.
Креирањето на спецификација продолжува со (отварање, креирање) додавање на материјални позиции и додавање на работни операции во спецификацијата. Потоа по потреба ги прераспределуваме позициите по саканиот редослед. Со потврдувањето на последните додадени позиции и со прераспределбата на позициите и барањето на друг артикал во заглавјето на спецификацијата или со излез од програмот сме го завршиле креирањето на спецификацијата.
Покрај креирање и менување на спецификација , постои посебна форма за копирање на спецификација , кој е опишан во посебно поглавје.
Менувањето на спецификацијата е на ист начин како и креирањето на спецификација, со тоа што прво ја избираме веќе креираната спецификација, која потоа ја менуваме и дополнуваме со поединечни елементи.
Преглед - верификација на спецификацијата по правило го прави корисникот со друга пријавна шифра. Тој врши преглед и запишува (избира) датум и време на преглед.
Бришење на спецификација - со кликање на копчето за Бришење ги бришеме сите позиции на спецификацијата а со тоа и целокупната спецификација. Пред навистина да ја избришеме спецификација ни се јавува порака за дополнителна потврда. Истиот резултат го постигаме и со поединечно бришењена сите позиции.
Преглед - производна спецификација се изведува на ист начин како и менување на спецификацијата, само што корисникот е авторизиран за читање на податоци на спецификацијата
За пребарување на спецификации на производи, користете го стандардното поле за пребарување во лентата за задачи.

Критериумите за пребарување може да се подесат според Вашите потреби. Кликнете на копчето за стандардно пребарување во лентата за задачи и ке отвори формата за подесување на филтерот за пребарување во модулот Производство.

