 | Loading… |
|
|
Финансии
Финансии

Модулот Финансии ви нуди автоматско и рачно книжење. Исто така ви овозможува преглед на конто картиците на купувачите и добавувачите заедно со нивните отворени ставки. Покрај тоа, ви нуди опција за приказ и за принтање на платните налози, како и на разни други извештаи. Со внесот во помошните книги, преку автоматско книжење истовремено се пополнува и главната книга.
Што ви овозможува модулот Финансии?
Книжење |
При рачно книжење на записите во дневникот, дебитната и кредитната страна се споредуваат и по нивното пребивање се добива состојбата на тековното салдо. Во овој дел се опишани и две поедноставени функции за внес на примени и издадени фактури:
|
Автоматско книжење |
Издадени сметки, примени сметки, POS сметки, раскнижување на стока, курсни разлики, царини, благајни, патни налози итн. можете да ги прокнижите автоматски врз основа на однапред дефинирани сметководствени поставки. |
Преглед на книжења |
Овозможува преглед на записите во дневникот на книжења и во главната книга. |
Затворање |
Овозможува рачно и автоматско книжење на отворените ставки врз основа на избраните конта или субјекти, како и затворање на аванси, паритетни разлики, каса конто и компензации. |
Извештаи |
Овозможува преглед на финансиски извештаи, конто картици, отворени ставки и други извештаи. |
Основни средства |
Го содржи регистарот на основни средства, регистарот на ситен инвентар, и притоа овозможува пресметка на амортизација и ревалоризација. |
Платен промет |
Се користи за креирање на платни налози, за испраќање на платни налози преку e-mail или на дискета, како и за ликвидатура на книжења и сметки, и девизна ликвидатура. |
Наплата |
Овозможува преглед на отворените ставки и на резултатите од наплата. |
Камати |
Овозможува пресметка на камати по желба, на камати по документи, како и пресметка на камати по примени исплати |
Благајна |
Овозможува парични трансакции со испис на благајнички прием, издаток и дневник |
Планирање |
Во менито планирање можете да се подготвите бизнис план ( за сега само ) и тоа план на продажба, план на трошоци, и план на паричните текови врз основа на податоците од салда контата/ главна книга. Податоците од предходните периоди се користат како основа за планирање. |
Заклучок на година |
Се користи за затворање на класите 4 и 7 со цел да се заклучи минатата фискална година и притоа за отворање на нова. |
Архива |
Овозможува зачувување на салда контата во архивата, од каде што потоа секогаш имате опција да ги видите архивираните книжења во дневникот и конто картиците. |
 | Loading… |
 | Loading… |
|
|
|