Одмори и боледувања

Во регистарот за годишен одмор и боледување ги внесуваме правилата за годишни одмори и боледувања кои важат на ниво на цело претпријатие. Поставките за одмор и боледување во програмата PANTHEON Web Light може да се најдат на Подесувања | Евиденција на време | Одмори, боледувања.
Во ова поглавје ќе ви покажеме пример за создавање ново правило за одмор во програмата PANTHEON Web Light.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорното лице сака да додаде ново правило за отсуство заради студии во шифрарникот за годишен одмор и боледување. Отвора подесувања за одмор и боледување. Започнува со додавање ново правило. Тоа го прави следејќи ги овие чекори:
- Избор на подесувања за одмор и боледување
- Креирање ново правило за одмор
|
1. Избор на подесувања за одмор и боледување
Одговорното лице би сакало да види список со тековните правила за одмор и боледување.
Го избира модулот Подесувања | Евиденција на време | Одмори, боледувања.
Се прикажува список со тековните правила за одмор и боледување.

Одговорното лице продолжува понатаму со креирање ново правило за одмор.
2. Креирање ново правило за одмор
Одговорното лице сака да креира ново правило за отсуство заради студии.
Започнува со внесување на ново правило во првата празна линија од списокот.
Во празното поле во колоната Шифра, го внесува посакуваниот код: ОДС.
Во празното поле во колоната Назив, го внесува името на клучот: Одмор заради студии.

Во празното поле од колоната ВЗ избира: ОДС - Студиско отсуство од паѓачката листа.

Во колоната Икона, од паѓачката листа ја избира иконата:
.
Во колоната Боја на основата, од паѓачката листа ја избира бојата :
.

Со кликнување на копчето
го додава правилото во шифрарникот.