Кориснички страни
Кориснички страни
PANTHEON е модерен деловни информациски систем, кој овозможува многу напредни функции и алатки кои корисниците можат да ги користат секојдневно или повремено. Со PANTHEON се обидуваме да ги покриеме сите деловни процеси во претпријатието со што програмот расте и станува покомплексен за корисниците, посебно кога е потребно да се направи поправка на некои нерутински операции во програмот.
Затоа непосредната помош е од големо значење, за да се избегне губење на драгоцено време, трошоци и стресни ситуации. Оваа тема е наменета за поддршка преку официјани канали. Исто така темата Кориснички страни е за официјалниот Даталаб канал (упатства, поддршка), размена на информации, знаење и мислења. Оваа страна е наменета за корисници но и сите заинтересирани за деловно работење со PANTHEON.
Како непријавен корисник може само да ги гледате инфромациите, но не може да додавате и да имате пристап до сите области.
Доколку не сте корисник на PANTHEON можете бесплатно да се регистрирате (креирате профил) на Корисничката страна. Со најавата понатаму може да додавате коментари, пишете на форумот, придонесете со своето знаење на деловната енциклопедија. Доколку сте корисник на PANTHEON на Корисничката страна може да се пријавите директно од програмот а покрај тоа имате пристап до области само за корисници (поддршка, девизни курсеви, образование, контакт податоци итн.)
 |
До помош преку Корисничката страна можат да пристапат сите корисници на PANTHEON. Откако ќе се купат лиценци добивате корисничко име и лозинка. |
Главни области на Корисничката страна
Најактивни и најпосетувани Кориснички страни се:
- почетна страна - преглед на новости, објави на форуми и други настани на порталот.
- документација - помош во PANTHEON.
- форум - дискусии помеѓу корисници, меѓусебна поддршка.
- видеа - видео клипови за работа во PANTHEON.
- поддршка - официјален канал за поддршка..
Корисничката страна има и многу други интересни области Wiki упатаства, кои може да ги погледнете.