Исписи
Испис
Терминот "Испис" опишува преглед на записи на податоци во базата. Исписот дефинира како ќе изгледа прегледот (распоред, фонтови, поставеност на податочни полиња итн). Пример, доколку сакате да се прикаже листа на адреси, го користите исписот за да кажете кои полиња од базата за адреси да се печатат и по кој редослед. Исписот може да ги прикаже податоците како листа, страна по страна или на било кој друг начин кои вам ви одговара.
FastReport
FastReport е генератор на исписи кој се користи во PANTHEON. Тој ви овозможува да креирате ваши бази (табели) и скрипти за исписот.
Ова поглавје ја опишува работната околина, објектите, поставките, структурата на прегледите и скриптите во FastReport. Посебен нагласок е ставен на содржината што е изменета или додадена во PANTHEON во однос на оригиналниот FastReport: Поставките во администраторската конзола и шифрарникот на исписи, функциите напишани специјално за FastReport во PANTHEON и работа со објекти за кои вредностите се дефинирани во програмскиот код.
Основната помош за FastReport е User's manual кој се наоѓа на следната страна:
https://www.fast-report.com/public_download/html/FR5UserManual-HTML-en/index.html
FastReport форум:
https://forum.fast-report.com/en/
 |
За да се креираат исписи мора да имате физички или виртуелен печатар инсталиран на вашиот компјутер. Во спротивно, нема да може да креирате исписи! |