/A
|
Ја отвора Администраторска конзола веднаш после најава, ограничено на секцијата за надградба.
|
/B
|
Оневозможува проверка на верзијата. Спречува PANTHEON да провери дали билд верзијата на програмот и базата се исти.
|
/BCKP |
Бекап на база
/BCKP:EXE .. бекап на програм
/BCKP:ALL .. бекап на база и програм
/BCKP:DB= DATABASENAME1;DATABASENAME2 .. бекап на избрани бази.
/DATABASES:FILE=FileName.txt .. креира FileName.txt фајл на диск на компјутерот или локацијата каде што е Pantheon.exe. Доколку .txt фајлот е лоциран на истиот фолдер како Pantheon.exe тогаш е доволно да се внесе името на .txt фајлот: /BCKP:FILE=FileName.txt. Доколку .txt е лоциран на друго место, тогаш мора да се дефинира патеката во параметарот /BCKP:FILE=E:\Datalab\FileName.txt. Базите во .txt фајлот мора да се во една колона, една база во секој ред без сепаратори меѓу нив. Параметар може да се користи локален или хост бекап.

Бекап на хост
За да може да се користи оваа функционалност за бекап на хост, Наше претпријатие мора да има внесено ДДВ број.
/BCKP:FULL .. активиран е целосен бекап
/BCKP:DIFF ... активиран е диференцијален бекап
/BCKP:CLOUD ... пренеси на хост после креирање на бекап (доколку хост параметар не е вклучен, се извршува бекап на диск).
/BCKP:PWD=<Password> ... Лозинка за 7z фајл
Пример: /L=AD:password /BCKP:DB=DATABASENAME /BCKP:FULL /BCKP:CLOUD /BCKP:PWD=Password
|
 |
Differential backup е тип на бекап што ги копира сите податоци кои се променети од последниот целосен бекап. Пример, ако целосен бекап е направен во недела, диференцијалниот бекап во понеделник ги копира сите податоци кои се променети или додадени од неделниот целосен бекап. Диференцијалниот бекап во вторник ги копира сите податоци кои се променети или додадени од понеделникот и така за остатокот од неделата.
Доколку е потребно да се направи целосно враќање во одреден момент, за тоа се потребни само последниот целосен и диференцијален бекап.
|
/I
|
Отвора веднаш после најава панел Промени го регистрираниот корисник.
|
/INI="<IniFileName>"
|
Го извршува PANTHEON со користење на .ini фајл поставен во наводници.
Повеќе информации за .ini фајл.
|
/L=uid:pass
|
Автоматска најава со корисник uid и лозинка pass.
Најчесто се користи за автоматизација.
|
/LD
|
Најава како доменски корисник. Тоа е со поголема заштита отколку /L=uid:pass каде се гледа и корисникот и лозинката. Повеќе на Автоматска најава со доменски корисник.
|
/NOCD
|
Оневозможен избор на компанија при најава.
|
/MFSTART
|
Овозможена употреба на нормални работни налози (во PANTHEON SE и ME) и планирани работни налози (во PANTHEON MF) во исто време. Тоа е примарно наменето во преоден период при постепен премин од MRP кон MRP II.
Нормални работни налози
(во PANTHEON SE, ME) |
Планирани работни налози
(во PANTHEON MF) |
MF со /MFSTART |
Работни налози без планирање
(PANTHEON) |
Работни налози со планирање
(HEFAIST) |
Работни налози со и без планирање
(PANTHEON + HEFAIST) |
 |
Во овој случај, достапната залиха се пресметува со земање во предвид на бруто количината за да се комплетира работниот налог. |
|
/MFOFF
|
Оневозможи MRP II (PANTHEON MF) и прикажи ги само функциите на едноставно производство. |
/MT
|
Овозможи MT производство, кое се користи само за следење на завршени работни налози и потрошувачка на суровини. |
/S=yyy
|
Автоматско извршување на DPA со ID yyy. DPA се извршува после најава и кога ќе заврши PANTHEON се затвора. Во комбинација со параметарот /L DPA може да се извршува целосно автоматски.
Пример:
"c:\datalab\pantheon.exe" /S=A01
"c:\datalab\pantheon.exe" /S=A01 /L=UU:abc
Предупредување!
- Таков DPA не смее да бара внос на дополнителни параметри.
- Таков DPA не смее да содржи исписи, прегледи или едитори.
- Доколку се појави грешка во DPA, таа се запишува во системскиот лог и процедурата се прекинува.
Користење
Пример ако сакате листа од неплатени обврски да се прати на е-пошта секое утро на менаџерот за продажба:
- Прво, се прави DPA што ги вади од базата сите неплатени обврски и ги праќа на соодветна адреса за е-пошта. Нека биде таа DPA со ID A01.
- Се дефинира нов таск кој го извршува "c:\datalab\PANTHEON.exe /S:A01 /L=user:pass" секое утро во 05.00 часот.
- DPA ќе се извршува секое утро во 05.00 и доколку не се јават грешки ќе се затвори после завршување на процедурата.
|
/U
|
Автоматска надградба на PANTHEON после најава. PANTHEON се затвора после завршената надградба.
Во комбинација со параметарот /L, надградбата ќе биде целосно автоматска.
Ако сакате редовни автоматски надградби, се препорачува да се креира посебен корисник за тоа и да му се доделат авторизации само за тоа. Тоа е од сигурносни причини, за заштита од неавторизиран пристап до базата.
Пример:
"C:\Program Files\DataLab\Pantheon.exe" /U /L=UU:abc
Тоа се додава во Закажани задачи за да се добие целосно автоматизирана надградба во соодветно време.
|
/WN=ComputerName
|
Поставка за име на компјутер што PANTHEON го користи кога е битно од кој компјутер се стартува (пример за печатари).
Windows API функцијата која го дава името на компјутерот, го враќа името на Terminal Server на кој се извршува а не името на Terminal Client.
|
/ZE=param
|
Параметар за процесирање ОЛАП коцки (се користи од ЗЕУС).
Достапни опции:
/ZE=FULL
(Ре)креира и ги процесира сите коцки.
/ZE=FULL(Проадажба;Залиха)
(Ре)креира и ги процесира коцките Sales и Stock.
Не треба да има празен простор помеѓу зборот FULL и отворената заграда.
/ZE=REF
Ги освежува сите податоци во коцките.
/ZE=REF(Проадажба)
Ги освежува сите податоци во Sales коцките.
За автоматска редовно процесирање на коцките се додава следната линија во Закажани задачи (пример навечер).
"c:\Program Files\DataLab\Pantheon.exe" /L=uid:pass /ZE=FULL
 |
PANTHEON автоматски излегуа после процесирање на коцките со /ZE параметар. Затоа не е препорачливо користење на /ZE параметар заедно со други (освен /DSH) што извршуваат задачи при старт на PANTHEON. |
|
/DSH
|
Параметар за процесирање и полнење на табелите што се користат за Подготовка на податоци на контролна табла.
За подготовка на податоци за елементите на контролна табла во најавената база:
/DSH
За подготовка на податоци за елементите на контролна табла во сите бази на податочниот сервер:
/DSH=ALL
 |
Параметарот /DSH=ALL работи со сите компоненти, освен оние што прикажуваат синтетички податоци. Таки контролни табли се: Активност, Профитабилност, Оперативна ефективност, Брз преглед на деловно работење, Altman Z показатели, Chesser показатели, DuPont финансиски показатели, Kralicek брз тест, Zmijewski показатели, Debt показатели и во помал обем некои други контролни табли. |
За подготовка на податоци за елементите на контролна табла во список на бази:
/DSH=ALL(DB_1;DB_2;DB_n)
 |
Параметарот /DSH=ALL(DB_1;DB_2;DB_n) работи со сите компоненти, освен оние што прикажуваат синтетички податоци. Таки контролни табли се: Активност, Профитабилност, Оперативна ефективност, Брз преглед на деловно работење, Altman Z показатели, Chesser показатели, DuPont финансиски показатели, Kralicek брз тест, Zmijewski показатели, Debt показатели и во помал обем некои други контролни табли. |
 |
PANTHEON автоматски излегува после процесирање на коцките со /DSH параметар. Затоа не е препорачливо користење на /DSH параметар заедно со други (освен /ZE) што извршуваат задачи при старт на PANTHEON.
|
|
/DREP
|
Креира извештаи од постоечки исписи на контролни табли:
/DREP(ReportID_1,;ReportID_2;...;ReportID_n)
Пример:
/DREP(I00000;I00001)
 |
PANTHEON автоматски излегува после креирање извештаи со /DREP параметар. Затоа не е препорачливо користење на /DREP параметар заедно со други параметри што се извршуваат при старт на PANTHEON.
|
|
/model
|
Постевки која PANTHEON едиција да се користи:
/MF - PANTHEON MF
/ME - PANTHEON ME
/GE - PANTHEON GE
/SE - PANTHEON SE
/RE - PANTHEON RE
/LT - PANTHEON LT
Ако овој параметар не е поставен, се користи највисоката достапна едиција (пр. MF). Ако поставената едиција не е достапна (нема таква лиценца), се стартува највисоката достапна едиција.
Може да најдете пример на комбинација на SE и LT едиции во Лиценцирање и сериски броеви.
|
/SSL
|
Овој параметар го принудува PANTHEON да се поврзе со SQL Server преку SSL - енкриптирана конекција. Ова значи дека податочните трансакции се заштитени од неавторизирано прислушување (пресретнување). За ова да работи мора и на серверот и на клиентот да има инсталиран сертификат. Повеќе на Енкрипција на SQL Server конекции. |