Фискална година
Фискална година

Специфичните видови на документи се користат за отворање и заклучок на фискалната година . Модулот овозможува креирање на заклучок и на темелници за отворање и тоа според однапред подготвени сценарија. Сценаријата се базираат на поставките во Контниот план. Секако, вие можете истите да ги промените или по ваш избор да внесете нови .
Кога изворните книжења се пренесуваат за заклучок и како темелници за отворање, истите се означуваат како заклучени и неактивни. Тие неможат да се менуваат повеќе .
|
Креирањето на документи за заклучок и за отворање на новата фискална година, се услов за правилно функционирање на програмот во следната година . |
Прозорецот се состои од глава на документот и од следниве табови :
Бројот на документот е прикажан во заглавието. Покрај тоа, овде може да одредите датум како за отворање така и за затворање на записи.

Број |
Единствен број на документот. Составен е во согласност со поставките за нумерирање на документи во Администраторска конзола.
Двоцифрен код за година, четирицифрен код за вид на документ и шестцифрен реден број, меѓусебно одвоени со цртичка. Бројот го генерира самиот програм автоматски и не може да се менува.
|
Датум од |
|
Внесете 1 Јануари 2019 во полето датум од. Во спротивно внесот на било кој друг датум го означува почетокот на фискалната година. |
|
Датум до |
Датум на заклучок на предходната фискална година . |
Вид на документ за заклучок |
Внесувате или избирате вид на документ за книжење, каде што ќе книжите само затворање на година. Овој вид на документ се користи САМО за такви книжења. |
Вид на документ за отворање |
Внесувате или избирате вид на документ за книжење, каде што ќе книжите отворање на година. Овој вид на документ се користи САМО за такви книжења. |
Книжење |
Означувате за кој вид на конто сакате да припремите заклучок и темелница за отварање . Може да ги вклучите и затворите салда контата, како и контата означени како врзан документ или главна книга. Доколку ги означиме сите, заклучокот и темелницата за отварање ќе се креираат за сите конта истовремено.
- 1 - Салда конта - ако сакате да креирате заклучок и темелница за отворање на контата кои се означени како салда конта во панелот сценарио.
- 2 - Врзан документ - ако сакате да креираме заклучок и темелница за отворање на контата кои се означени како врзан документ во панелот сценарио.
- 3 - Главна книга - ако сакате да креирате заклучок и темелница за отворање на контата кои се означени како главна книга во панелот сценарио.
За секој вид на конто се креира посебен заклучок и темелница за отворање.
|
Припреми Заклучок/Отварање |
Со клик на копчето се креира заклучок и темелница за отварање на избраниот вид на конто (тоа се, салда контата, како и тие кои се затвораат како конта на врзани документи и контата означени како главна книга ). |
Панели и примери :