Име на основен прозорец |
Се поставува име на основниот прозорец (корисно кога на еден компјутер се употребува пакет за водење повеќе претпријатија) пред DataLab Pantheon и се прикажува на ниво на податочната база. Покрај тоа се прикажува името на најавениот корисник. |
Група претпријатија во пријава |
Се поставува група под која се појавуваат податочните бази при најавата во Претпријатија.
Практично кога на серверот има поголем број на бази и така ги групираме.

|
Патека до Даталаб програмот |
Патека до Даталаб програмата која ја употребуваат сите Даталаб продукти.
Се користи при снимање на исписите кои се извезуваат.
|
Тековна година |
Внесена тековна година. При старт на програмот се проверува внесената тековна година со тековниот датум. Ако годината се разликува, програмот дава порака дека тековната година (поставена во параметрите) не се совпаѓа со системскиот датум или деловната година е различна од тековната година, зависно од пријавениот корисник (администратор или сметководител). После тоа може да продолжиме со работа.

|
Број на прикажани документи |
Број на документи кои програмот ги прикажува при избор на одредени документи. Може да се ограничи на компјутери со послаби перформанси и кај големи бази на податоци. Вредност -1 значи дека бројот на прикажани документи не е ограничен. |
Број на запис во прозорец за барање |
На одредени прозорци за пребарување (навигатор) поставуваме број на документи кои ќе се прикажат на отворениот прозорец. Поставената вредност е 10000, која може да се зголеми или намали. |
Снимање на големина на екранот |
Со оваа опција сакаме програмот да ги запамти големините на панелите како што сме ги поставиле при следно отворање. Координатите на секој панел се запишуваат во фајлот PANTHEON.INI. Доколку нема дефинирани поставки, програмот ги употребува стандардните поставки. |
Снимање на облик на табеларни прегледи |
Со оваа опција сакаме програмот да го запамти обликот на табелите како што сме ги поставиле при следно отворање. Координатите на секоја колона и таблеа се запишуваат во фајлот PANTHEON.INI. Доколку нема дефинирани поставки, програмот ги употребува стандардните поставки. |
Снимање на подесувањата на објектите на прозорците |
Со оваа опција сакаме програмот да ги запамти големините на објектите како што сме ги поставиле при следно отворање. Координатите на секој објект се запишуваат во фајлот PANTHEON.INI. Доколку нема дефинирани поставки, програмот ги употребува стандардните поставки. |
Приказ на документите во навигатор сортирајќи ги по опаѓање |
Со оваа опција при приказ на документите во навигаторот се сортирани по шифра од најновите спрема најстарите документи. |
Не се регулирани клучевите по датум |
Датумот не влијае на дефинирањето на клучевите. |
Тастер Ентер за преминување на следно поле |
Во секоја форма после внос и Ентер се преминува на внос на следно поле. |
Испис на датум и време на пресметки |
Испис на датум и време на исписите, што е посебно корисно за некои типови на исписи (конто картици, прегледи итн). |
Испис на пријавен корисник на пресметки |
Испис на тековно најавениот корисник на исписите. |
Испис на наше претпријатие на пресметки |
Испис на наше претпријатие на исписите. |
Испис на истиот испис на документ |
Испис на истиот испис (пр. А15 за документ 20-350-123456) на истиот начин како со некој претходен датум. |
Ред во нашето претпријатие |
Поставуваме формула, која го дава распоредот на приказ на податоците за нашето претпријатие во документите. Изразите се одвоени со сепаратор за приказ во нов ред. Изрази кои може да се употребат:
- KontOs – особа за контакт
- Naziv – име на субјект
- Naziv2 – второ име на субјект
- Naziv3 – трето име на субјект
- Naslov- наслов на субјект
- Posta – поштенски код
- Sifra – даночен број
- Tel – број на телефон
- Fax – број на телефакс
Доколку сакаме ПРЕД податокот за полето од формулата да се прикаже фиксен текст, тоа се прави на следниот начин:
Ако сакаме пред даночен број да стои Даночен број:
Во формулата се внесува Sifra"Даночен број:"
|
Редослед на испис на субјекти на пресметките |
Поставуваме формула, која го дава распоредот на приказ на податоците за субјектите во документите. Може да се одбере и acName2 = Naziv2 од шифрарникот на субјекти. |
Испис на број и назив на испис на пресметките |
Дефинираме дали во насловот на исписот да стои број и назив на испис. |
Испис на број на исписи на долен лев агол |
Дефинираме да бројот на испис да стои на долниот лев агол на пресметката. |
Вградени фонтови при извоз во PDF |
Можност за подобрен извоз на документи во PDF формат. Важи за сите корисници. |
Менијата на алатниот ред се отвораат автоматски |
Менијата на алатниот ред се отвораат автоматски со поставување на курсорот над нив. |
При подесување на предлогот не ги бриши полињата |
Овозможува употреба на изработени предлози, без претходно бришење на превземените документи во програмот (предологот е како изворно сочуваниот). |
Време на чекање до прикажување на советот |
Време на чекање до автоматско прикажување на името на објектот каде е тековно курсорот. |
Подесување на форматот на датотеката кај исписите |
Избираме во каков формат ќе бидат датотеките кои ги извезуваме:
- Пренос во уредувач на тект - избор помеѓу RTF и HTM
- Пренос во е-пошта - избор помеѓу RTF, HTM, PDF, JPG, XLS и XML
Доколку немаме Office пакет пр. Excel мораме при пренос во е-пошта да одбереме формат XML (Excel-XML).
|