Пополнете ги параметрите
|
Кога е означено, ги проверува сите параметри во делот, освен Поедноставен и Масовна калкулација.
|
Планови
|
Ако е означено, користи позиции на план во повторната пресметка.
|
(Планира) Од
|
Внесете или изберете датум што, заедно со означениот параметар Вреднување само на актуелни термини, ги одредува позициите на тековниот план.
|
Планска спецификација
|
Ако е означено, користи планска спецификација при повторното пресметување. Доколку не постојат, се користат активни алтернативи на спецификациите на производот.
|
Намалување на количина
|
Ако е означено, ги намалува количините потребни на позициите на планот со намалување на количините од залиха или производство.
|
Само моментален план
|
Ако е означено, при повторна пресметка се користи само моменталниот план.
Ако не е означено, сите планови со статусот З - Завршено се користат при повторното пресметување.
Повторно пресметува само планови од ист тип на документ, освен ако типот на документот е внесен со планот видови на документи во поставките на тековниот план.
|
Залиха
|
Ако е означено, користи слободна залиха (приливи) во складиштата при повторното пресметување. Само складишта избрани во поставките за вид на документ се користат на изворниот план.
|
Мин. Залиха
|
Доколку се означи, при повторното пресметување се зема предвид минимално потребната залиха на складиштето.
|
Нарачка од купувач
|
Ако е означено, користи потврдени нарачки од купувачи при повторното пресметување.
Ако одредена позиција на нарачки од купувачи веќе била пренесена на планот, таа не се користи при повторната пресметка.
|
(Нарачки од купувачи) Од
|
Внесете или изберете го датумот што заедно со означениот параметар Вреднување само на актуелни термини, ги одредува тековните позиции на нарачки од купувачи.
|
Нарачки до добавувачи
|
Ако е означено, користи потврдени нарачки на купувачи при повторното пресметување.
|
(Нарачки на купувачи) Од
|
Внесете или изберете го датумот што заедно со означениот параметар Вреднување само на актуелни термини, ги одредува тековните позиции на нарачки на купувачи.
|
Резервации
|
Ако е означено, користи неиздадени количини на планираните компоненти на работни нарачки, кои се ослободени од спецификациите за производство.
|
(Резервации) Од
|
Внесете или изберете го датумот што заедно со означениот параметар Вреднување само на актулени термини, ги одредува тековните распределби во работните налози.
|
Недовршено производство
|
Доколку се означи, користи недовршени (сè уште не примени во складиште) планирани количини од книжените работни налози.
|
(Недовршено производство) Од
|
Внесете или изберете го датумот што заедно со означениот параметар Вреднување само на актуелни термини, ги одредува тековните распределби во работните налози.
|
Алтернатива состојба
|
Изберете состојба алтернатива што ќе се користат при повторното пресметување.
Можете да изберете од:
- Подготовка / Промени – алтернативата е во состојба на подготовка или менување.
- Земање мостри / тестирање – алтернативата е во состојба на земање мостри или тестирање.
- Валидно – алтернативата е потврдена и во производство.
|
Разградување во поднивоа
|
Ако се означи, ги расклопува спецификациите во структурата на поднивото на производите, при повторното пресметување на распоредот.
Ако не се означи, спецификациите се демонтираат на првото ниво, односно само на директно прилепените компоненти.
|
До ниво
|
Поставете го нивото на кое треба да се изврши демонтирањето на структурата на спецификацијата.
|
Вреднување и пресметка на термините
|
Ако е означено, поставува кои распореди ќе се користат при повторното пресметување. Полињата Од се достапни за параметрите Планови, нарачки од купувачи, нарачки до добавувачи, распределби, недовршено производство.
|
Поедноставен
|
Во тек...
|
Масовна калкулација
|
Во тек...
|
Вреднување само на актуелни термини
|
Ако е означено, користи само тековни податоци, тоа се податоци од датумот внесен во полето Од при повторното пресметување.
|
Вреднување само на нарачана количина на материјали
|
Ако се означи, тоа предизвикува да се користи минимална количина материјал и амбалажа при повторното пресметување на барањата.
Вишокот што се јавува поради пакувањето се користи подоцна.
|