Регистрација на UserSite
Пред да започнете да ја користите нашата страна за корисници, потребно е да бидете регистрирани на истата. Регистрацијата можете да ја направите директно преку PANTHEON, со што за Вашиот корисник во PANTHEON се креира корисничко име и лозинка на User Site,така што страната секогаш ќе го препознава Вашето корисничко име кога ќе пробате да се најавите преку менито Помош во PANTHEON.
1. Чекор 1 - Пристапете до страната за корисници преку PANTHEON
Во менито Помош во PANTHEON, изберете некоја од достапните опции.

Во овој момент, страната за корисници прави проверка на серискиот број на Вашата компанија, под кој се регистрирани лиценците кои ги користите за програмскиот пакет PANTHEON. По ова, се отвара регистрационата форма, опишано во чекор 2.
 |
Новиот корисник се креира врз основа на лиценците кои се регистрирани под серискиот број на фирмата сопственик на тие лиценци. |
2. Чекор 2 - Регистрациона форма
По извршената проверка на лиценците, се отвара регистрационата форма прикажана на следната слика:

Впишете ги неопходните податоци во регистрационата форма, и корисничкото име и лозинка кои што ќе ги користите. Со нив ќе можете да се најавувате во иднина на User Site.
 |
Можете да впишете било какво корисничко име и лозинка, но тие мора да бидат подолги од 4 карактери. |
 |
Потребно е сите полиња означени со * да бидат пополнети за да важи Вашата пријава на User Site. |
3. Чекор 3 - Legal Notice
По внес на потребните податоци, подолу се наоѓаат законските одредби за користење на страната за корисници. Морате да се согласите со овие одредби доколку сакате да ја користите страната. Во продолжение на истата веб страна за Регистрација во долниот дел се наоѓаат овие полиња кои треба да ги одбележите. Потребно да одбележите Opt-in со едноставно кликање со помош на вашиот маус на овие полиња за да регистрацијата на податоците биде валидна.

Откако тоа ќе го направите, кликате ‘Освежи’ и со тоа автоматски сте регистрирани на User Site.
Промена на податоци
Можете да извршите промена на внесените податоци преку менито Мои податоци кога сте најавени на страната за корисници.