Service Order
Сервисен налог - општо
Како што видовме во описот на сервисниот прием и издавање, нивната основна карактеристика е тоа што прометите од прием и издавање мора да бидат израмнети. Ако некој артикал примиме на сервисно складиште истиот мораме и да го издадеме.
При тоа имаме на располагање само едно складиште - сервисно складиште.
Модулот ‘Сервис‘ во целост го покрива сервисирањето во врска со поправките и замена на роба во гаранција и утврдува дали артикалот бил (посредно или непосредно) купен во нашата фирма и со кој документ бил издаден. Ако артиклите ги водиме по сериски броеви, имаме целосно прецизен тек за движењето на тој артикал во нашата фирма.
Малку различна постапка имаме кога при сервисното работење на купувачите им издаваме фактура за стоката или услугата. Вакви случаи настапуваат на пример:
· Кога гаранцијата не ја признаваме поради неправилната употреба
· Кога во сервисниот артикал, врз основа на барање на клиентите, вградиме нови и/или поскапи компоненти
· Кога клиентите бараат изведување на додатни активности кои се наплаќаат
· .....
Во овие и слични на ним примери сакаме:
· Преку сервисното складиште да ги примиме и издадеме само оние артикли и услуги, кои не се наплатиливи
· Артикли и услуги, кои им ги продаваме на купувачите односно им ги наплаќаме, а сакаме да издаваме од централно односно големопродажно складиште. Ако избегнеме пренос на стока, која всушност не е сервисна роба, на сервисното складиште. Таквото издавање на сервисна сметка е во целост можно да се изврши и преку истите видови на документи, како редовна продажба.
Уште една можност за употреба на модулот Сервисен Налог се и паушалните договори за одржување. Со помош на сервисниот налог, всушност, добиваме целосен увид во:
· Количина на употребена услуга (сервисни сати) кои настанале врз основа на договор за одржување на една страна
· И количината и вредноста на издаденните артикли и услуги на друга страна
Во продолжение погледајте:
U nastavku pogledajte:
· Тип на сервис
· Внес и преглед на Сервисен Налог