Список на текстови

Шифрарникот на текстови за документи е наменет за испис на текстови за нарачки и фактури. Текстовите потоа се избираат од паѓачка листа при креирањето на документите. На овој начин ја забрзуваме работата со програмата.
Во ова поглавје прикажуваме пример за користење на функционалностите на списокот на текстови. Шифрарникот се наоѓа во модулот Шифрарници, подмодулот Текстови.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорното лице сака да го прегледа списокот на текстови и да открие кој текст се наоѓа под шифра 04. Тоа го прави следејќи ги овие чекори:
-
Отварање на списокот со текстови
- Пребарување текстови
|
1. Отварање на списокот со текстови
Одговорното лице го отвора шифрарникот на текстови со избирање на Шифрарници | Текстови од главното мени. Така, се отвара шифрарникот на Текстови каде што се прикажани сите записи што постојат во истиот.

2. Пребарување текстови
Сака да провери кој текст се наоѓа под ознаката: 04. За таа цел ги внесува критериумите за пребарување во полето Пребарување.
Програмата ги ажурира податоците во списокот што ги исполнуваат наведените критериуми.
