Филтри

Достапни се голем број филтри во формата Документи на модулот Документација, кои овозможуваат ограничување на прикажувањето на документите. Со користење на филтри, го олеснуваме и го забрзуваме процесот на пребарување на одреден документ.

Може да се користат следните филтри:
Датум од
|
Во полето го внесуваме почетниот датум на креирање на документите. Програмот потоа, во табелата ги прикажува само оние документи кои се креирани од тој датум и подоцна.
|
До
|
Во полето го внесуваме крајниот датум на креирање на документите. Програмот потоа, во табелата ги прикажува само оние документи кои се креирани до тој датум и порано.
|
Партнер
|
Во полето од паѓачката листа на шифрарникот на субјекти, изберете го субјектот по кој сакате да го филтрирате приказот на документите во табелата.
Со клик на лупата ( ) се отвара посебен прозорец, каде што на брз начин се селекираат повеќе партнери.
|
Архива
|
Во полето од паѓачката листа на архива, изберете го називот по кој сакате да го филтрирате приказот на документите во табелата.
Со клик на лупата ( ) се отвара посебен прозорец, каде што на брз начин се селекираат повеќе архиви.
|
Класификација
|
Во полето од паѓачката листа на класификации, изберете ја класификацијата според која сакате да го филтрирате приказот на документите во табелата.
Со клик на лупата ( ) се отвара посебен прозорец, каде што на брз начин се селекираат повеќе класификации.
|
Статус
|
Во полето го внесуваме статусот на документот по кој сакаме да пребаруваме. Шифрите и називите на статусите се произволни. Во PANTHEON се предефинирани два статуси на документи:
- P – потврден: означува дека документот со овој статус бил потврден од страна на одговорната личност.
- N – непотврден: означува дека документот со овој статус не бил потврден од страна на одговорната личност.
Статусите ги дефинираме на соодветниот документ во Шифрарникот на видови документи на јазичето Статуси.
 |
совет
За помош при креирање на статуси на документи погледнете го упатството опишано во поглавјето Архива.
|
Со клик на лупата ( ) се отвара посебен прозорец, каде што на брз начин се селекираат повеќе статуси.
|
Референт
|
Во полето од паѓачката листа на референти на документот, изберете го лицето според кое сакате да го филтрирате приказот на документите во табелата.
 |
совет
Програмот го определува одговорното лице на одреден документи според подесувањата во Администраторска конзола, панелот Подесувања | Партнери.
|
Со клик на лупата ( ) се отвара посебен прозорец, каде што на брз начин се селекираат повеќе референти.
|
Сандачиња за документи
|
Во полето од паѓачката листа на Сандачиња, изберете го сандачето според кое сакате да го филтрирате приказот на документите во табелата.
Со клик на лупата ( ) се отвара посебен прозорец, каде што на брз начин се селекираат повеќе сандачиња.
|
Мета дата
|
Во ова поле ја внесуваме низата што сакаме да ја најдеме меѓу сите внесени метаподатоци на документите.
|
(Филтер за документи)
|
Копче за филтрирање на приказот на документите во табелата.
|
 |
совет
- Двоен клик на празното поле околу филтрите се користи за да се освежи приказот на документите што одговараат на поставените филтри.

2. За кориснички пример поврзан со употребата на филтри при пребарување документи, прочитајте го поглавјето Пребарување документи.
|