263846
Картичка на животни - Добиток
Картичката за животни - Добиток е наменета за приказ на податоците за одредено животно. Во овој дел се внесуваат податоци за оние животни кои се поединечно означени.

Статус |
Со помош на статусот можеме да следиме настани поврзани со одредено животно. Статуси кои се моментално внесени во програмот се следните:
- Во лактација
- Активна
- Пресушена
- Болна
- Отстранета
- Издвоена
|
ИБ животно |
Осумцифрена единствена ознака на животното. Бројот на животното се внесува само при внесот на животното и не е возможно подоцна да се корегира. |
Име |
Во ова поле се внесува името на животното |
Пол |
Во ова поле се внесува полот на животното |
Раса |
Расата се избира од предефинирани раси од шифрарникот на иденти. |
Ориентација |
Од веќе предефиниран шифрарник се избира ориентацијата на животното:
- Млечна
- Месна
- Размножување
|
Вид по фАДН |
Ова поле се пополнува автоматски во зависност на полот и староста на животното. Со помош на ова поле системот автоматски ги обликува извештаите за движењето на животните за потребите на ФАДН извештајот. |
Локација |
Се запишува бројот на домаќинството на кое се наоѓа животното. Локацијата се поставува по доаѓањето/раѓањето на животното. Ако животното го поместиме на друга локација, тој податок се менува автоматски. |
Датум на раѓање |
Полето се пополнува автоматски доколку животното се родило во нашето домаќинство. Ако животното е купено, податокот се пополнува рачно во облик ДД/ММ/ГГГГ или датумот се избира директно од календарот. |
Старост |
Полето се пресметува и пополнува автоматски во однос на денешниот датум и датумот на раѓање. |
Датум издвојување |
Полето се пополнува автоматски по доаѓање на животното во домаќинството. Истовремено сите внесови кај тоа животно се оневозможени, статусот се менув, податоците за животното остануваат во евиденција како историја на податоци за тоа животно. |
Панелите кои се наоѓаат на Картицата за животни - Добиток се: