Огледување на јагниња
Огледување на јагниња
Модулот за огледување на јагниња е функционалност, која му овозможува на корисникот да следи јагниња, кои биле купени за огледување. Таквите јагниња не се запишуваат како индивидуални животни, туку во групи. Секое пристигнување добива уникатен ID (сериски број) кој е потребен за следливост. Таков ID може потоа да се стави во група, која е слична на кутии во штала. Бројот на групи се определува од самиот корисник.

Модулот се состои од три секции
Општи податоци
На левата страна се прикажани информации за Фарма ID, вкупниот број на групи на фармата и вкупниот број на животни на фармата.
Преглед на групи
Оваа секција содржи информации за групите. Секој група на фармата содржи информации за бројот на животни на фармата и нивната тежина.

ID на група |
ID на групата при пристигнување. Овој број е сериски број на пристигнувањето. |
Код на стадо |
Име на групата, каде што е додадена групата на животни. |
Бр. на животни при пристигнување |
Број на животни при пристигнување |
Тековен бр. на животни |
Број на животни кои сè уште се на држење со овој ID на групата. |
Вкупна тежина при пристигнување |
Тежина на животните при пристигнување. |
Тековна вкупна тежина |
Тековна вкупна тежина на животните на држење со овој ID на групата. |
Целна тежина на животното |
Ова е целната тежина на индивидуалното животно, која корисникот сака да ја постигне за да ги продава своите животни. |
Очекувана дата |
Очекувана дата на постигната целна тежина. |
Детали за настанот
Секцијата за настани содржи информации за пристигнувања, заминувања и други настани како хранење, третмани... Оваа секција чува информации за датумот на настанот, ID на групата, создаден документ, број на животни, употребен материјал (храна, медицински средства)...
