Поставки за СМС
На табот Поставки за СМС ги уредуваме подразбирачките поставки за испраќање СМС пораки. СМС пораките ни овозможуваат да ги информираме нашите клиенти за предстоечките состаноци.
Во ова поглавје, ќе презентираме пример за поставки на СМС пораки.
 |
ОПИС НА СЛУЧАЈ
Рецепционерот сака да ги постави подразбирачките поставки за СМС пораки. Таа тоа го прави следејќи ги овие чекори:
- Избирање на Поставки за СМС во Администраторската Конзола
- Уредување на поставките за СМС
|
1. Избирање на Поставки за СМС во Администраторската Конзола
Одговорната личност избира од менито Поставки | Програма | Администраторска Конзола.
Администраторската Конзола се отвора.
Избира Поставки | Ветеринарство и табот Поставки за СМС.

2. Уредување на поставките за СМС
Одговорната личност започнува со уредување на подразбирачките Поставки за СМС за Состанок и Вакцинација.
Во полето Подразбирачки СМС текст за Состанок од паѓачкиот список на предлози, избира: Состанок.

Во полето Испрати СМС пред следниот состанок (во денови) внесува податоци за тоа колку дена пред состанокот се испраќа СМС со детали за состанокот на клиентот: 3.

Во полето Подразбирачки СМС текст за Вакцинација од паѓачкиот список на предлози, избира: Вакцинација.
Во полето Испрати СМС пред следната вакцинација (во денови) внесува податоци за тоа колку дена пред вакцинацијата се испраќа СМС со детали за состанокот на клиентот: 40.

Во полето Бизнис процес од паѓачкиот список избира Бизнис процес за испраќање општи СМС пораки.
Меѓу бизнис процесите во кодниот список, избира: СМС ВЕТ.
