Образец ДДВ 04






Во материјално/ДДВ (слика 1) се наоѓа прозорецот каде може да ги погледнеме сите книги за ДДВ,да ја направиме самата ДДВ пријава,ДДВ ЕПФ пријава,ДДВ-ИПДО образец и истите да се извезат во xml.
Во овој водич ќе зборуваме за генерирање на ддв04 образец преку примери за:
1. Промет - излезни фактури (поле 1,2,3,4,5,6)
-Излезна фактура со Т1 ддв стапка 18% ддв
-Излезна фактура со Т2 ддв стапка 5% ддв
-Излезна фактура со Т3 ддв стапка 10% ддв
2. Промет - извоз (поле 7)
3. Промет - Промет ослободен од данок со право на одбивка од предходен данок (поле 8)
4. Поле 10 - промет кој не е предмет на оданочување во земјата
5. Поле 11 - промет за кој данокот го пресметува примателот (излезни документи)
6. Полиња 16,17,18,19 - пренесена обрска (приказ од страна на примателот - влезни документи)
7. Полиња 12,13,14,15 - реекспорт на лиценци
8. Увоз (поле 27,28)
9.Поле 20 (Збир)
10. Поврзани теми

 |
При пресметката на ДДВ, генерално се земаат во предвид три параметри: Типови на иденти, Типови на документи и Статуси на документи. Пресметката на ДДВ се врши за целиот пресметковен период и за сите фактури во тој период. |
За да се пресмета ДДВ за одреден период, најпрво е потребно да се креира нов ред за пресметка. За таа цел се користат копчињата за навигација или копчето
на тастатурата.
Повеќе критериумите и начинот на постапка за пресметка на ддв, може да прочитате на следниов линк.
Поради новите законски прописи и новите ДДВ тарифи што се во употреба од 01.01.2021 е направена промена во Образец ДДВ04.
Постапката за генерирање на ДДВ04 образецот е иста како и до сега, со тоа што се додадени нови колони за ДДВ со тарифа Т3 10%.
За користење на новата ДДВ04 пријава е додаден нов тип на пресметка ТИП 4

При пресметка на ддв пријавата треба да изберете тип 4 и да направите пресметка за соодветен период.
1. Промет – излезни документи (поле 1,2,3,4,5,6)
Во овој дел ан пресметка влегуваат сите излезни документи со ддв стапка Т1,Т2,Т3.
Излезна фактура со Т1 ддв стапка 18%ддв


Излезна фактура со Т2 ддв стапка 5% ддв


Излезна фактура со Т3 ддв стапка 10% ддв


2. Промет – Извоз (поле 7)


3. Промет – Промет ослободен од данок со право на одбивка од предходен данок (поле 8)
За потребите на ова поле е отворена нова ДДВ тарифата v6 "Промет ослободен од данок со право на одбивка на предходен данок" е поле 8 од ддв пријавата.За да се пренесе вредноста од оваа тарифа во ддв04 пријавата треба да го има избрано следниве подесувања
- ДДВ се зема во предвид
- Право на намалување на претходниот данок
- Активно


4. Поле 10- промет кој не е предмет на оданочување во земјата
Tреба да се отвори нова тарифа (во овој пример V7) и да се означи на следниов начин:

Напомена: Треба да е означена опцијата Ослободување при извоз. Само доколку е означена оваа опција, полето 10 ќе се пополни.

5. Поле 11- промет за кој данокот го пресметува примателот (излезни документи)
Во овој случај се користат тарифите P0,P1 и P2.

Кога на документ ќе се појави тарифа со ознака ДДВ пресметува Примателот, на формата се појавува дополнително поле За плаќање по член 32.а – тука се прикажува износот без пресметан ДДВ.
Напомена: Во регуларната рекапитулација стои и ДДВ и за плаќање заедно со ДДВ - тоа е само информативен податок колку ДДВ треба да плати Примателот.

Во системските исписи е среден и изгледот на фактурата. Во полето Вкупно се прикажува износ без ДДВ, а по тарифи се прикажува колку точно е пренесената обврска.
Во долниот дел Даночни стапки, законски мора да стои колкав е износот на ддв кој се пренесува на примателот.


6. Полиња 16,17,18,19 – пренесена обврска (приказ од страна на примателот – влезни документи)

7. Полиња 12,13,14,15 – реекспорт на лиценци
За приказ во овие полиња се користат L тарифите, и задолжително е да се подеси во Администраторска Кознола од која банка се повлекува продажниот курс.



8. Увоз (поле 27,28)

Во поле 27 се испишува Основа за ДДВ од ЕЦД (од калкулација набавка).

9. Збир (поле 20)
Поле 20 е збир од поле 02, 04, 13, 15, 17, 19.
 |
Програмот не дозволува да се врши промена на документи кои што имаат Датум на ДДВ од затворен ДДВ период. Во тој случај програмот јавува порака: ДДВ периодот е заклучен! Доколку сакате да извршите промена на документите, претходно треба да го промените статусот на ДДВ периодот, односно да го отклучите. |
 |
Затворен ДДВ период не смее да се менува доколку ДДВ пријавата за тој период е веќе поднесена во УЈП.
|
 |
Доколку пресметката за одреден период е веќе направена, и подоцна се извршени некакви промени во материјалните документи, мора повторно да се пушти пресметка за да направените промени се евидентираат во образецот.
|
Податоците за потписник на ддв пријавата се пополнуваат со подесување од Администратоска конзола- Поддесување на потписник.
Поврзани теми: