Создавање нов начин на плаќање

Начините на плаќање овозможуваат брзо и едноставно работење со програмата, и по заклучувањето на благајната, лесен преглед на секојдневното работење. По потреба може да се додадат нови начини на плаќање.
Во ова поглавје ќе претставиме пример за креирање нов начин на плаќање. Функционалноста се наоѓа во модулот Шифрарници, под-модулот Начини на плаќање.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорното лице сака да додаде нова шифра Ваучер за подарок во шифрата за начини на плаќање, која ќе се користи како неготовински начин на плаќање. Тоа го прави следејќи ги овие чекори:
- Отварање на списокот со начини на плаќање
- Отварање на образецот за креирање на нов начин на плаќање
- Внес на податоци на новиот начин на плаќање
|
1. Отварање на списокот со начини на плаќање
Одговорното лице ја отвора листата на начини на плаќање со кликнување на Шифрарници | Начин на плаќање во главното мени. Се отвора шифрарникот на начини на плаќање, каде што се прикажани сите начини на плаќање што постојат во истиот.

2. Отварање на образецот за креирање на нов начин на плаќање
За таа цел, одговорното лице го отвора Шифрарникот за начини на плаќање и кликнува на копчето Креирај нов начин на плаќање кој се наоѓа во командната линија.

Со кликнување на копчето Креирај нов начин на плаќање се отвора прозорецот Основни податоци за начинот на плаќање за додавање начин на плаќање во шифрарникот.

3. Внес на податоци на новиот начин на плаќање
Одговорното лице ги пополнува полињата: Шифра, Назив, Начин, Вид на плаќање, Фискална група и додадава икона.
 |
СОВЕТ
Полето Активен автоматски се поставува на активен статус кога ќе се креира нова шифра.
|
Ја внесува единствената шифра на новото плаќање во полето Шифра. Во нашиот случај: 18.
Одговорното лице продолжува со внесување на називот на начинот на плаќање во полето Назив: Ваучер за подарок.
Го избира начинот на плаќање од паѓачката листа во полето Начин: Н - Неготовинско.
Од паѓачката листа, одговорното лице ги наведува податоците и во полињата Вид на плаќање и Вид на чек. Во нашиот случај, податоците за двете се: Готовина.
Конечно, додава икона. Тоа го прави со влечење и пуштање на сликата во рамката каде што е поставена.

Го завршува внесувањето со кликнување на копчето Зачувај во горниот десен агол на прозорецот на екранот. Новиот начин на плаќање е внесен во шифрарникот за Начини на плаќање и е подготвен за употреба.
