Локална еДокументација

Локалната еДокументација овозможува складирање на документи на локалните сервери на вашата компанија.
Погодна е за компании кои поради нивните внатрешни правила и безбедносни протоколи не смеат да ги чуваат своите деловни документи кај надворешни провајдери, за компании со слаба интернет конекција итн.
По активирање на услугата Локална еДокументација за складирање, создаваме локална база на податоци за PA DMS и ја проверуваме врската со складиштето.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Поради внатрешни правила, компанијата сака да складира доверливи деловни документи на локалните сервери на компанијата. За таа цел, одговорното лице ја активираше услугата Локална еДокументација и ги дефинираше соодветните поставки за избраното складиште. Тоа го прави следејќи ги овие чекори:
- Креирање локална база на податоци PANTHEON DMS
- Тестирање на моменталната врска
|
Одговорното лице сака да креира локална база на податоци PANTHEON DMS.
Во менито, избира Подесувања | Програм | Администраторска конзола.
Избира панел Верзија/Надоградба | Инсталација на програмот и го избира панелот Претплата.

За да креира локална база на податоци, кликнува на копчето Креирај база ПА ДМС.

Кога ќе кликне на копчето, се креира посебна база на податоци PADMS на локалниот сервер со цел да се овозможи локално складирање на документите.

Во шифрарникот за складишта кој се наоѓа во панелот Подесувања | Документација | Складирање,се креира локалната база на податоци ПаДМС.

Одговорното лице продолжува со тестирање на врската со складиштето.
Во вториот чекор, одговорното лице ја тестира работата на складиштето со кликнување на копчето
(Тестирај ја моменталната врска).

По успешно поврзување, се појавува прозорец со информации: Врската е воспоставена.

Ги Потврдува информациите.
Ако врската не е успешна, се појавува прозорецот Грешка.