Подесувања на Дневен план

Формуларот Дневен план ви овозможува да планирате смени, да додавате операции на ресурси, да додадете вработени за операции, прегледување на пријавените и сè уште отворените работи, уредување на операциите и копирање на недовршената работа во други дневни планови.
Подолу е прикажан кориснички пример за поставување дневен план.
Пред планирање, мора да се постават работните календари.
Во менито Подесувања | Производство одговорното лице го избира формуларот Работен календар којшто ги нуди следните панели: Календар и Структура.

Во спецификацијата, во средишниот дел на панелот се наведени 12 месеци од одредена година. За да се префрли во следната/претходната година, одговорното лице може да го стори тоа со помош на стрелките за насока.

За секој месец, стои број на денови и имиња на денови. Секој ден ја добива бојата на избраниот тип на запис за тој ден, што го одредува работното време и искористеноста.
Одговорното лице ја уредува структурата на календарот - видови записи во одредени денови користејќи филтри, во нашиот случај користејќи Календар на компанијата, за Оддел за производство, работни часови за Една смена.

Структурата на календарот е обликувана за следење на капацитетот на работните ресурси во реално време.
Календерите обично се хиерархиски поврзани едни со други.

Кога ќе заврши со Календарот, одговорното лице пристапува до модулот Работно време преку Подесувања l Вработени l Час l Работно време.
Во работниот календар работното време мора да биде поставено со дефинирани смени.

Одговорното лице во овој шифрарник го дефинира работното време во компанијата. Работното време создадено овде потоа се поврзува со вработените.
 |
ВНИМАНИЕ
За правилно пресметување на работното време, во полето Искористеност мора да се дефинира искористеноста на времето на смената.
|

Кај нас, работно време одредуваат само за прва смена.
Одговорното лице потоа го отвара шифрарникот на Ресурси од менито Подесувања | Производство.
Ресурсите мора да се поврзат со работните календари.

Се отвора прозорец каде одговорното лице создава ресурси.
Одговорното лице сака да создаде ресурс „CU001 - Машина за сечење 1001“ со специфични капацитети и други поставки во работниот календар.

Откако ќе се создаде, ресурсот ќе се појави во хиерархиската структура на левата страна на прозорецот.

На крај, поставки за вид на документ за дневниот план.
Поставките се отвараат преку менито Подесувања | Програм | Видови на документи | План.
Се отвора шифрарникот на видови на документи, каде што одговорното лице го проширува панелот Планови и го избира панелот Дневен план.

Во овој панел, одговорното лице може да ги постави сите параметри за Дневен план, да го наведе одделот на кој се однесува планот и да го поврзи со календарот. Дополнителни поставки може да се конфигурираат за ресурси, вработени, работни нарачки и типови на операции.
Во нашиот случај, одговорното лице го отвори Дневниот план со ИД HPE0, со потребните конфигурации:
- Вклучи Tзу во пресметувањето на планираното време во Дневен план,
- Прикажи состојба на операција,
- Прикажи завршена и лоша количина од операција.
