Додај настан на случај
Настаните во календарот ни овозможуваат да следиме правни случаи, како што се состаноци, сослушувања, рокови и други клучни настани.
Ова поглавје опишува како да се додаде настан на постоечки случај.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
За правниот спор што го застапува фирмата Темис, клиентот добил судска покана да одговори на тужбата. По внесувањето на поканата во Документација на партнерот, во календарот се додава рокот за одговарање на тужбата.
Потребни се следните чекори:
- Избор на постоечки случај
- Креирање нов настан
- Зачувување на настанот
|
Откако ќе се најави на PANTHEON Web Legal, одговорното лице го избира модулот Случаи и го избира случајот на којшто сака да додаде настан.
Подслучајот се отвора со кликнување на Интерен бр.

Ова отвора формулар Детали за случајот.

Во следниот чекор, корисникот создава нов настан.
Во календарот се додава настан поврзан со случајот, како на пример, рок за одговарање на тужба.
Ова се прави со избирање на табот Календар на случајот.

Се прикажува календар на Настани поврзани со случајот.
Се создава нов настан со кликнување на празниот временски простор во календарот.

Се отвора прозорец Нов настан.

Во полето Име на настан, одговорното лице го внесува името на настанот.
Потоа, ја внесува и локацијата.

Го поставува датумот и времето на настанот.

Полињата Случај и Организатор се однапред пополнети врз основа на избраниот случај, но може да се променат и ако е потребно.

Додадете детален опис на настанот.

По внесувањето на сите податоци, во следниот чекор се зачувува Настанот .
По внесувањето на податоците, Настанот се зачувува.
Ова се прави со кликнување на копчето Зачувај.

Настанот е зачуван во Календарот.

Со кликнување на настанот, можете да го прегледате или уредите.

Во следните чекори, може да додадете Документација на Случајот, и може да се прегледаат Финансиите.