Alt-Z - Reports
Alt-Z - Исписи
Затворање каса
На крај на работен ден (или смена), може да се затвори касата и да се направи исплата на готовина за сите примени плаќања.
Било кое време во текот на денот може да се отпечати преглед од менито Благајна. Може да се сортира по начин на плаќање, сметки или артикли (иденти). Кога се прави тоа не се затвора касата, но може да се види или отпечати состојбата врз основа на сметките што уште не се затворени.
Може да се затвори касата само еднаш дневно (или во смена), бидејќи тоа прави исплата на готовина и ги затвора сите издадени сметки зља ПОС-от. Сите сметки кои не се затворени секогаш ќе бидат вклучени при затворање на касата.
Кога ќе кликнете на копчето Благајна или со комбинација на типки 
програмот го одбира последниот запис во базата и го отвора прозорецот за затворање на касата.
Со лев клик или со користење на курсорот (со копчето
) се одбираат иопциите кои сакате да ги користите за испис при затворање на каса. Тие опции може да се одберат со кратенки прикажани на сликата (
и одредено функциско копче).

Алт-Ф1 - се одбира таа опција доколку сакате испис на состојба на незатворени сметки по начин на плаќање (видете Испис по начин на плаќање).
Алт-Ф2 - се одбира таа опција доколку сакате испис на состојба на незатворени сметки по начин на плаќање и сметка (видете Испис по начин на плаќање и сметка).
Алт-Ф3 - се одбира таа опција доколку сакате испис на состојба на незатворени сметки по број на сметка (видете Испис по сметки).
Алт-Ф4 - се одбира таа опција доколку сакате испис на состојба на незатворени сметки по иденти (видете Испис по иденти).
Алт-Ф5 - се одбира таа опција доколку сакате испис на состојба на незатворени сметки по тарифни броеви (видете Испис по тарифни броеви).
Алт-Ф6 - се одбира таа опција доколку сакате испис на состојба на незатворени сметки по корисници (видете Испис по корисници).
Алт-Ф7 - се одбира таа опција доколку сакате да направите зотворање на каса само за крај на смена (видете Заклучок и сметка за готовина). Сите ПОС сметки после затворањето каса ќе добијат статус Заклучено. Ако се внесени потрените поставки во Програмски параметри, документот автоматски ќе биде означен како Потврдено.
Програмот ќе направи испис исплата на готовина, во кој податоците за плаќањата од ПОС модулот се сумирани по начин на плачање, валута и денови за плаќање. Ова дава исплата на готовина за секој ден од ПОС сметките. Платените износи се прикажани посебно по метод на плаќање.
Пред да се направи исплата на готовина се споредува со трансакциите кои се извршени. Ако тие износи не се согласуваат, програмот прикажува список на документи каде се јавува разлика меѓу земената готовина и износот на трансакцијата и е поголем од износот наа заокружувањето во Програмски парамети | Компанија | Заокружување. Во тој случај програмот прикажува список на грешки (видете Грешки при заклучок на каса).
Алт-Ф8 - Благајнички прием
Алт-Ф9 - Благајнички издаток
Алт-Ф10 - Пресметка на благајна
Алт-Ф11 - Преглед на отворени слипови
Може да се излезе од менито за затворање на каса со избор на една од достапните функции ( пример F10 за скок до линија во ПОС сметката). Тоа може да се направи кога ќе се заврши погоре опишаната процедура или ако на пример сакате да отпечатите еден испис но не и да ја затворите касата.