Бенефициран работен стаж
Length of Service Increase
Шифрарник на видови на бенефициран работен стаж, се одбира шифрата со ознака на бараното зголемување на стажот.
До овој шифрарник се доаѓа преку персоналните мапи или преку шифрарникот на работни места.



Овде може да се внесе шифрата на бенефицираниот работен стаж, податок кој се користи за пополнување на образци.
Ги внесуваме следните полиња:
Бене. стаж |
Се внесува шифра на бенефициран стаж. |
Зголемување |
Се внесува степен на бенефициран стаж. |
Опис |
Се внесува опис на видот на бенефициран стаж. |
 |
Од верзијата 10.0.22.00, вредноста во колоната „Бенеф. стаж“ се користи за пренос во полето 3.17 на вториот ред во МПИН, за оние работници за кои на работното место во Параметрите за пресметка на плата е означено дека стажот се смета со зголемено траење .
|
Пример:
За еден работник, во Параметрите за пресметка на плата во Персоналната мапа (или на самото работно место во шифрарникот на работни места) е означено дека ќе се смета стаж со зголемено траење со соодветна шифра, зададена во полето „Бене. стаж“ од шифрарникот на видови на бенефициран стаж.
Се прават подесувања на видот на работа, поврзан со видот на заработка за пресметка на редовна работа, т.е. се додава видот на придонес за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење и истиот придонес, со соодветен процент, се додава во општината за пресметка на придонеси.
По овие поставки, по пресметката на плата, во полето 3.17 во МПИН се прикажува одбраната шифра на бенефициран стаж:
