Креирани временски разграничувања
Created Accruals/Deferrals
Во табот Разграничувања ги имаме податоците за веќе креираните разграничувања со податоци за книжењата:

За Временските разграничувања креирани од книжењето на примената или издадената , или пак преку рачното книжење во налогот за книжење, важно е само, контото на кое е книжењето , да биде дефинирано во Шифрарникот на видови на документи. Тоа книжење е основа за креирање на временско разграничување. Разграничувањата се креираат во табот Разграничување.
Разграничувањето може да биде креирано за целата вредност,или пак само за дел од вредноста на книжењето. Сите податоци за креираното разграничување се прикажуваат во панелот Разграничувања. Во горниот дел се прикажани документите од поединечното разграничување, пред се податоците за книжењето, од кои разграничувањата се креирани, во кои вредности и за кој период.
Во долниот дел се прикажани раскнижувањата кои се основа на книжење. .Временските разграничувања се книжат преку автоматското книжење. Доколку е потребно прекнижување, тогаш истото се прави од основното дефинирано конто, такашто се менува ментува контото на кое е книжена позицијата. На овој начин се менуваат и износите на книжење.
Податоци во главата на документот:
Клуч |
Реден број на разграничувањето |
Сметка |
Број на сметка |
Датум на почеток на разграничување |
Внес на датум |
Број на позиции |
Број на позиции на креирани разграничувања |
Број на разграничувања |
Број на креирани разграничувања |
Вид на период |
Вид на разграничување:
- Ден:дневно разграничување
- Седмица: неделно разграничување
- Месец: месечно разграничување
|
Период |
Временско разграничување наналогот за книжење |
Статус |
Статус на разграничувањата:
- Отворени (креирани временски разграничувања кои сеуште не се во целост прокнижени)
- Затворени (разграничувања кои се во целост прокнижени)
|
Книжења |
Вредност на книжењето, од кое сме креирале временско разграничување. Временското разграничување едноставно го креираме за целата книжена вредност, или само за дел од книжењето.. |
Разграничување |
Целокупна вредност, за која е крериано разграничување |
Книжено разграничување |
Податок за прекнижените вредности на разграничувањата. |
Напомена |
Напомена на разграничувањрто |
Во долниот дел на екранот ги има следните податоци:
Датум на прекнижување |
Датум на прекнижување на разграничувањата |
Сметка |
Број на сметка |
Позиција во налог |
Број на налог за книжење, каде е книжена позицијата од која е настанато разграничувањето. |
Налог за книжење позиција |
Број на позиција на книжење во налогот за книжење, од која е настанато разграничувањето. |
Износ на прекнижување |
Вредност на поединечно разграничување |
Конто |
Контото на кое се прекнижува временското разграничување |
Поврзан документ. |
Број на налог за книжење, во кој е книжено разграничувањето. |
Позиција |
Позиција од налогот за книжење, во кој е книжено временското разграничување |