Креирање ЗЕУС Анализи - Табела
Креирање ЗЕУС Анализи - Табела
Поставките на елементите во прозорецот се прикажани на сликата. Колоните може да се преместуваат по желба.

Табелата може да биде прилагодена со користење на процедурите објаснети подолу. Вообичаено, редоследот на извршување на процедурите не е битен.
Детали за последна обработка на коцките
Овие детали се прикажани веднаш под насловната лента.

Мерења
Со кликнување на опцијата за соодветното мерење, се избира што ќе биде вклучено во анализата:

Во примерот погоре избрана е Вредност и Цена.
 |
Треба да се води сметка кога се одбираат мерењата, бидејќи сите не даваат задоволителни резултати и информации на сите новоа на поединечни димензии.
Пример:
Користење количина (единици од мерењето) на сите нивоа на иденти, постои шанса да се споредуваат несоодветни податоци (парчиња со килограми).
|
Поставки на параметри за анализа
За подетални информации погледнете на Поставки и алатки.

Пивот табела
За добивање различни анализи, правиме едноставно со влечење и поставување на поединечни димензии од една граница до друга. За одредени кои не се потребни во анализата, се отстрануваат со влечење надвор од областа што ја зафаќа табелата, или со одбележување на регионот и
. Може да се поставуват повеќе димензии во исто време. На сликата подолу е додадена димензија Држави.

Поставки за филтрирање
Филтрирање на податоци може да се направи со клик на поединечна колона и избор со соодветни вредности. Со клик на иконата
се поставува филтерот.

Длабинска анализа (Drilldown)
Оваа опција се однесува на димензиите кои се тековно поставени границата за линии и на онаа за колони. Оваа опција (drill down) значи дека може да се видат членовите на таа димензија на пониско хиерархиско ниво (ако постојат) и да се има преглед на детални податоци.
Со клик на
. се прикажуваат податоците на пониско ниво а со клик на
се враќа на повисоко ниво.
Може да се отстранат одредени нивоа од анализата на истиот начин како цели димензии (со влечење надвор од регионот на табелата или со означување на регионот и
).

Приказ на повеќе димензии
За да се анализираат податоци со приказ на повеќе димензии, се работи според истата процедура како за Пивот Табела со влечење на одбраните димензии на границата на редови или колони. Димензиите поставени на заедно на една граница прават меѓусекции на димензиите. Со длабинска анализа на истиот начин може да се има преглед на податоците на понисите нивоа.


Враќање на почетни поставки
Со клик на
во лентата со алатки, се враќа анализата на почетните поставки.(позиција на димензиите на границите, избор на филтрирање ...).
 |
Пивот табелите на интерактивен начин се поврзани со пивот графикон. Промените направени на графиконот влијаат и на табелата и обратно. |
PANTHEON Водич:
Поврзани теми: