Даночни групи

Шифрарникот на даночните стапки е наменет за правилно пресметување и книжење на данокот на додадена вредност (ДДВ). Во него ги отвораме сите видови даноци и нивните даночни стапки, според кои купуваме или продаваме стоки.
Шифрарникот за даночни стапки се отвора од главното мени Шифрарници | Даночни групи или од кој било друг шифрарник преку картичката на лентата со алатки.

Списокот на даночни стапки дозволува сортирање и филтрирање по услови во следните колони:
Нова даночна стапка |
Со кликнување на ова копче се отвора прозорец за внесување нова даночна стапка, каде се пополнуваат сите три полиња. Ова се само основни поставки. Сите останати мора да бидат поставени во подесувањата на PANTHEON. |
Печати |
Опција за печатење листа на даночни стапки |
Вид на данок
|
Двоцифрена шифра. Говоречките шифри се предефинирани според правилата подолу:
- Прв знак:
- 1 - стапка 18%
- 2 - стапка 5%
- Втор знак:
- С – Стоки
- У – Услуги
- Н– Нема данок; Не наплаќаме ДДВ или немаме право на враќање на платениот ДДВ.
|
Назив
|
Името на даночната стапка што се печати на издадените фактури.
|
Данок
|
Пропишаната даночна стапка за овој вид данок.
|