ТМП (Термински материјален план)

ТМП (Термински материјален план) содржи податоци, врз основа на пресметаните Термински планови, филтри и дополнителни функционалности што се користат во Заглавието од формуларот.
Подолу е прикажан пример на употреба на ТМП преглед.
Во модулот Производство во делот Планови, одговорното лице го отвора формуларот HP10 - Месечен план - Нарачки.

Се отвора прозорец каде што избираме да креираме нов запис.
Во заглавието, одговорното лице ги внесува потребните информации како што се име на планот, датуми, статус и потоа кликнува на Креирај позиција за план од нарачка.

 |
СОВЕТ
За повеќе информации за филтрите и дополнителните функционалности кои влијаат на податоците прикажани во табелата, прочитајте го поглавјето Заглавие.
|
Се отвора формуларот Одбери..., кадешто одговорното лице ги освежува податоците и ги избира нарачките за пренос на месечниот план користејќи филтри.
Во нашиот случај, одговорното лице избира нарачки од број: 23-0100-000001 до 23-0100-000004 и ги пренесува во месечниот план.

Пренесените нарачки сега се лоцирани во месечниот план.
Формуларот за терминирање можете да го отворите на два начина:
1. Од претпоследното копче на документот за месечен план.

2. Со стартување на формуларот за терминирање од волшебникот на документот.

Кога ќе го отвориме формуларот за терминирање, се отвора табела ТМП што значи термински материјален план.
Одговорното лице гледа 3 секции на табелата: Општо со податоци за идентите, потоа ТМП податоци кадешто некои полиња се дополнително означени со знакот плус (+) како прилив и знакот минус (-) како одлив и Дополнителни информации.

Потоа одговорното лице ги дефинира Ресурсите и Параметрите на сметка, како што можете да прочитате во соодветните поглавја.