Увоз на изводи од банка
Оваа фукционалност ни овозможува увоз на датотека со промет на трансакциската сметка за поединечен ден, која се презема од електронското банкарство во облик на текстуална датотека.
Како изгледа оваа процедура?
1. Првин осигурајте текстуалната датотека да биде извезена од вашето електронско банкарство и да биде сочувана во некој фолдер на вашиот компјутер.
2. Во модулот Финасии/ Платен промет/ Увоз на изводи , подесете ја патеката до фајлот во кој се наоѓа текстуалната датотека .
3. Се клика на импорт со што ќе се пополнат податоци во делот на Банкарски податоци.
Десен клик на Увоз и ќе се покаже дополнителна можност
4. Во однос на бројот на трансакциската сметка, за која увезуваме податоци програмот ќе побара и зададен вид на документ за книжење на изводите. Кој се подесува во Шифраникот на партнери , на нашето петпријатие во делот сметки.
- Бројот на банкарскиот извод за кој внесувате податоци може да се види во првото поле во првиот дел основни падатоци.
- Овдека може да се провери и видот на документот за книжење на изводот , кој веќе го подесивте во Шифраникот на партнери.
Во делот Книжење податоците можат да бидат непотполни , со црвена боја се означени полињата кои треба да се допополнат.
5. Изберете ТРР кој ќе одговара за книжење на изводот ако сеуште го немате пополнето во Шифраникот на партнери / Сметки и во Видови на документи/ Финасии /Книжење на изводи.
Од како ќе изберете во кој документ ќе се прокнижи изводот, проверувате во Видови на документи/ Финасии/ Книжење на изводи дали ви се подесени конта на кои треба да се книжат обрските , побарувањата и конто за жиро сметка. Сите критериуми мора да ви бидат пополнети пред да се прокнижи изводот.
Податоците во голема мера се веќе пополнети , и можат да се проверат во делот Банкарски податоци. Позициите кои нема да се пополнат се бојат црвено. Тие можат да се пополнат на следниов начин:
- Со комплетирање на подесувањата во Видови на документ Финасии.
- Со коплетирање на податоците во панелот Книжење во прозорчето за книжење на изводи.
Се додека не ги комплетирате податоците кои недостасуваат , нема да бидете во можност да го прокнижите изводот.
Сите податоци кои треба да се пополнат на самите конта во Контен План програмот ќе ги провери пред да се увезат изводите. Податоците кои не се пополнети во контниот план ќе бидат обоени со црвена боја. Ако има недостаток на податоци Пантеон ќе јави грешка.
