Подесување информации за правниот субјект

Податоците на компанијата се поставени во програмата PANTHEON Web Light во модулот Подесувања | Компанија. Можеме да го одредиме логото на компанијата, кое ќе биде видливо на исписите, како и белешки на самите документи. Во информациите за правниот субјект, одредуваме дали компанијата е даночен обврзник и го увезуваме клучот Google API. Можеме да го смениме и името на компанијата.
Во ова поглавје, ќе ви покажеме пример за уредување на сите податоци на компанијата.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорното лице сака да ги уреди информациите за компанијата во подесувањата на програмата PANTHEON Web Light. Сака да го увезе логото на компанијата и да го уреди името на компанијата. Ја поставува компанијата како обврзник на ДДВ, додава детални информации за компанијата и увезува клучеви на Google API. Тоа го прави следејќи ги овие чекори:
- Увоз на лого
- Уредување на името на компанијата
- Избор на обврзник за ДДВ
- Белешка на документ (3 реда)
- Белешка на документ (6 реда)
- Увоз на Google API клуч
|
1. Увоз на лого
Одговорното лице сака да го внесе логото на компанијата меѓу податоците на компанијата.
Го избира модулот Подесувања, таб Компанија.
Во делото Информации за правниот субјект го избира копчето
( Уредување).

Избира датотека со слика од компјутерот и ја влече во полето за лого.

Го завршува увезувањето на логото со кликнување на копчето Зачувај.
 |
СОВЕТ
Друг начин да испратите датотека со слика е со кликнување на полето за лого и избирање локација на локалната датотека.
|
 |
ВНИМАНИЕ
Пропишаниот сооднос на логото е: 2,24 (ширина) x 1,26 (висина). Користиме логоа со големина: 224 x 126 px, 448 x 252 px или 896 x 504 px. Колку е поголемо логото, толку е подобар квалитетот на сликата, но ви препорачуваме да не ја надминувате ширината од 500 px, инаку сликата ќе биде преголема и ќе биде потребно премногу време за прикажување и печатење.
Ако логото не е во пропишаниот формат, печатењето формулари со логото нема да функционира.
|
2. Уредување на името на компанијата
Одговорното лице сака да го уреди името на компанијата.
Го избира модулот Подесувања, таб Компанија.
Во делот Информации за правниот субјект го избира копчето
(Уредување).
Во полето Назив на претпријатие , може да го промени името на компанијата.
Со кликнување на копчето
, во паѓачката листа, може да избере помеѓу субјектите во шифрарникот на субјекти.

Со кликнување на копчето ЗАЧУВАЈ уредувањето е завршено.
3. Избор на обврзник за ДДВ
Одговорното лице сака да избере дека компанијата е даночно лице.
Го избира модулот Подесувања, таб Компанија.
Во делот Информации за правниот субјект го избира копчето
(Уредување).
Во полето Компанијата е даночен обврзник со кликнување на прекинувачот (во жолта боја), го означува претпријатието како даночен обврзник чиј ДДВ ќе се пресметува на фактурите.
 |
СОВЕТ
Доколку компанијата не е даночен обврзник, полето ДДВ е скриено на сите видови документи.
|

Со кликнување на копчето Зачувај се завршува уредувањето.
4. Белешка на документ (3 реда)
Одговорното лице сака да внесе дополнителни информации за компанијата, кои можат да бидат прикажани на документите. На располагање има три линии.
Го избира модулот Подесувања, таб Компанија.
Во делот Информации за правниот субјект го избира копчето
(Уредување).
Во полето Белешка за документ (3 реда)ги внесува следните информации:
Текта Доо.
Литостројска улица 44Б, 1000 Скопје
Тел. +389023525658 маил: info@tecta.com.mk

Со кликнување на копчето Зачувај завршува со внес на белешка.
5. Белешка на документ (6 реда)
Одговорното лице сака да внесе дополнителни информации за компанијата, кои можат да бидат прикажани на документите. На располагање има шест линии.
Го избира модулот Подесувања, таб Компанија.
Во делот Информации за правниот субјект го избира копчето
(Уредување).
Во полето Белешка за документ (6 реда)ги внесува следните податоци:
ДДВ БР.40000325689858
Мат.бр.6663202
Ж-ска:210002548585412

Завршува со додавањето на белешката со кликнување на копчето Зачувај .
Забелешките сега се видливи на исписите на документи:

6. Увоз на Google API клуч
Одговорното лице сака увезе клуч на Google API.
 |
СОВЕТ
Внесениот клуч на Google API овозможува правилно функционирање на Google Search и Google Maps, на пр. во патните налози.
Можете да добиете клуч на Google API на: https://mapsplatform.google.com/
|
Го избира модулот Подесувања, таб Компанија.
Во делот Информации за правниот субјект го избира копчето
(Уредување).
Во полето Google API клуч го внесува добиениот клуч.

Со кликнување на копчето Зачувај завршува со додавање клуч на Google API.
